20 Ноември, 2019
0.0462

Во Македонија не се заработува доволно од Инстаграм: Отворено со една од најпознатите инфлуенсерки

Објавено во: Стил 17 Мај, 2019

Вредиме повеќе ама не заработуваме доволно од Инстаграм, вели за Фактор Љупка Митрова, една од најпознатите македонски инфлуенсерки. Таа на својот профил на мрежата има над 101 илјади следачи но како што вели во Македонија вредноста на постот не е доволно платена.

Тврди дека секојдневно вложува многу труд, време, финансии, но дека не се враќа со иста мера. На интернет поминува најмалку 5 до 6 часа дневно.

„Јас го правам тоа затоа што сакам, а кога нешто сакаш и го работиш со срце и огромен мерак, или вложи Се или  воопшто не мачи се. Да, треба време, да е макотрпно понекогаш, иако за некого може и да не изгледа така, сепак  кога се прави со срце на крајот од денот сум задоволна, среќна и исполнета“, истакнува блогерката и инфлуенсерка.

Љупка искрено зборува и за тоа колку најмногу заработила од една компанија, но додава дека фирмата е странска односно брендот не е од Македонија.

 „Неблагородно е да зборувам за сума која сум ја зела за реклама, но не ми пречи да споделам со вас дека највисоката сума досега што ја имам земено за еднократна соработка е со полската компанија Авон“, споделува за Фактор Митрова.

На прашањето дали македонските блогери работат повеќе за компензација отколку за парични средства, таа вели дека личен избор е кој и како ќе се договори со компанијата која ја претставува.

Митрова вели дека најважно во светот на инфлуенсерството за да успееш,  е да бидеш поразличен од останатите, секогаш да се издвојуваш, да бидеш единствен, да создадеш препознатлив имиџ.

На прашањето што би правела Љупка доколку го деактивира инста-профилот, таа одговара:

„Љупка, пак би била Љупка, не гледам ништо нејасно. Истаграмот не е монтирана работа, и плажата и морето и јас на фотографијата сме реални. Сите се будиме и заспиваме со телефоните во раце, сакале да си признаеме или не. Јас денес нема да пуштам ТВ, нема да си купам весник, но ќе стиснам телефон и ќе ми излезе новиот пост на Љупка“.

Митрова вели дека не гледа на профит во нештата во кои ужива, но дали нештата кои и прават задоволството ќе и донесат профит само по себе е друга приказна.

„Љупка не би можела да живее само од инста, сметам дека имам предност благодарение на моите родители, тие се најголемата поддршка во мојот живот“, истакнува Митрова.

Инфлуенсерката вели дека животот пред и по Инста и Фејсбук профилот и се променил многу, меѓутоа оние кои ја познаваат од порано, велат дека таа како личност останала истата, тивка, нежна и секогаш насмеана Љупка Митрова. 

Н.М. 

Можеби ќе ве интересира

И се заканува целосна паpaлиза на Лидија ако не донираме итно

И се заканува целосна паpaлиза на Лидија ако не донираме итно

Може да сме среќни и со празен ранец: Интервју со Тања Брковска

Може да сме среќни и со празен ранец: Интервју со Тања Брковска

Колку заработуваат најпознатите спортисти на светот од Инстаграм објавите?

Колку заработуваат најпознатите спортисти на светот од Инстаграм објавите?

ЗА НЕГО НЕМА ЛЕК, САМО ТЕРАПИЈА: Како да препознаете дека имате дијабетес

ЗА НЕГО НЕМА ЛЕК, САМО ТЕРАПИЈА: Како да препознаете дека имате дијабетес

Наша репортажа: Неколку работи за авантуристите и оние кои очекуваат повеќе од Санторини (II дел)

Наша репортажа: Неколку работи за авантуристите и оние кои очекуваат повеќе од Санторини (II дел)

Скопје е загаден од луѓе: Искрен муабет со Биба Додева 13 Ноември, 2019

Скопје е загаден од луѓе: Искрен муабет со Биба Додева 13 Ноември, 2019

(ФОТО) Првата дама впечатлива во Кенија: Розова боја за сензуална романтичност

(ФОТО) Првата дама впечатлива во Кенија: Розова боја за сензуална романтичност

Храбрите жени гордо го носат светот во своите гради: Интервју со трите главни актерки од „Врба“, Камка, Сара и Наталија

Храбрите жени гордо го носат светот во своите гради: Интервју со трите главни актерки од „Врба“, Камка, Сара и Наталија

Лекарите со совети: најефикасни против загадениот воздух се овие маски

Лекарите со совети: најефикасни против загадениот воздух се овие маски