19 Декември, 2025
0.3413

Во Македонија само долар за час, во Австралија шеснаесет:Ова се земјите со највисока минимална плата

Објавено во: Економија 11 Мај, 2013 15:59

Добивај вести на Viber

Многу луѓе во светот мора да работат за минимална плата. Но и оваа плата е многу различна од држава до држава. Во Македонија на пример, според последните законски измени, минималната плата изнесува околу 8 050 илјади денари. Ако тоа се подели на 22 работни денови во текот на месецот, со полно работно време, излегува дека кај нас минималната плата е 45,7 денари на час (околу 1 долар ). Во САД на пример, таа изнесува  7.25 долари на час. Кај професиите каде има бакшиши, во САД таа паѓа на 2,13 долари на час. Горенаведената сума е просечна за САД. Таа варира во различни држави. Највисока е во Орегон (8.95 долари / час) и Вашингтон (9.19 долари / час), а најниска во Вајоминг, Џорџија и Аканзас. Во продолжение еве кои се ТОП 10 земји со највисоки минимални плати: 10. Нов Зеланд - 10.83 долари / час Во Нов Зеланд има три типа минимални плати, според возраста на вработените - за оние над 18 години, малку пониска за лица на возраст 16-17 година и за лица под 16 години е најниска. 9 Канада - 10.95 долари / час Тука стартната плата зависи од регионот. Најниската е таа во Алберта (9.75 канадски долари). 8. Холандија - 11.77 долари / час Во евра минималната плата во Холандија е 8.4775 евра. Таа сепак важи само за вработени кои наполниле 23 години. За помладите износот е понизок. 7. Ирска - 12.01 долари / час Во евра износот е 8.65 евра, што е еднаква за сите, без услови за возраста. 6. Сан Марино - 12.22 долари / час И тука има една сума за сите - 8,80 евра. 5. Белгија - 12.67 долари / час Во Белгија има значење возраста и времето кое вработениот го поминал на работното место. Ако сте помлади од 21 години и имате искуство од најмалку 6 месеци износот може да се зголеми. По 12 месеци повторно има пораст. 4. Франција - 13.10 долари / час Франција е позната по високите цени, но затоа пак државата ја  дава 4-тата највисока минимална плата во светот. 3. Монако - 13.76 долари / час Или во евра, најмалку 9,43 евра добиваат граѓаните на Монако. 2. Луксембург - 15.05 долари / час Тоа е најниската плата за вработените кои немаат квалификации. Таа е за 20% повисока за вработени со квалификации. За малолетниците оваа сума е пониска. 1. Австралија - 16.45 долари на час Австралија е великодушна држава во однос на минималната плата. Постојат различни нивоа на минимална плата, во зависност од возраста и искуството.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?