20 Декември, 2025
0.0417

Во национален енергетски оператор се делат „министерски“ плати

Објавено во: Економија 27 Декември, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Просечната нето плата во националниот оператор на пазарот за електрична енергија МЕМО минатата година била 1.500 евра по вработен, што е уште една потврда дека вработените во енергетскиот сектор се едни од најплатените во земјата.

Во извештајот на независните ревизори што е објавен за работењето на фирмата-ќерка на МЕПСО во 2023, изнесено е дека вкупниот трошок за нето плати и персонален данок за вработените изнесувал 22.931.000 денари. Ако се земе официјалната бројка од 19 вработени за минатата година, тогаш излегува дека просечна плата во МЕМО била 90.500 денари.

Инаку и самиот прикажан трошок на МЕМО за нето плати (и персонални даноци) е зголемен за 23 отсто. Во 2023 за оваа ставка се поделиле 375.000 евра, а една година претходно сумата била сведена на 305.000 евра.

МЕМО покрај тоа што во својот делокруг на работа ја организира берзата за електрична енергија, ги распределува средствата за повластените производители од обновливи извори на енергија и го контролира придржувањето на трговците и снабдувачите на струја до своите одговорности, од следната година ќе се стекне со уште една важна надлежност..

Операторот ќе издава гаранции за потекло на електрична енергија со кои индустриските производители ќе докажуваат при царинењето дека користеле струја од обновливи извори на енергија, така што би си ги намалиле ригорозните давачки што ќе ги наметнува Брисел од 1 јануари 2026. Во прашање е механизмот за јаглеродно гранично прилагодување - СВАМ (Carbon Border Adjustment Mechanism (2023/956) кој опфаќа шест категории производи - железо и челик, алуминиум, водород, ѓубрива, цемент и електрична енергија, произведени во трети земји кои треба да се увезат во земја членка на ЕУ.

Инаку, како што беше претходно медиумски објавено, според усвоениот буџет за 2025, едни од најплатените во државната управа следната година ќе бидат вработените во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Од таму сепак велат дека тој буџет е предвиден за 200-тини вработени во 2025, додека во моментов министерството има само 60-тина вработени.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба