ВО НАШИТЕ БОЛНИЦИ ИМА 10 ПАЦИЕНТИ ВО ПОТЕШКА СОСТОЈБА, НО СИТЕ СЕ НАДВОР ОД ЖИВОТНА ОПАСНОСТ - Таравари за состојбата на повредените
Објавено во: Македонија 20 Март, 2025 11:10
Сите пациенти кои се лекуваат тука и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето се подобруваат, а од вкупно 20 што беа критични, денеска констатиравме дека 10 се потешки, но и тие се стабилни, надвор од животна опасност, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
Како што изјави Таравари, во државава се лекуваат 72 пациента, а надвор 101. Од оние што се лекуваат во земјава, тројца се вчера веќе испишани, а утре се планира да бидат испишани уште тројца.
-Од идната недела се надевам ќе ве известуваме за тоа колку пациенти го продолжуваат лекувањето дома и за такви што ќе се враќаат од странските држави, истакна Таравари.
Според него, од пациентите во државава, 34 се на Клинички центар, 15 се во ГОБ „8 Септември“, во Градската општа болница се хоспитализирани 11, а во Штип е еден пациент. Од приватните клиники, во „Сиситина“ се згрижени 7 пациенти и во „Жан Митрев“ 4.
-Надвор се 101 пациент, вчера се испратени помал број пациенти, денеска има понуди од повеќе држави, но ќе видиме, можеби максимум 10 да се испратат, а можеби и не, рече Таравари.
Можеби ќе ве интересира
НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

„НЕГОВИОТ ПОДВИГ ПОТСЕТУВА ДЕКА ХРАБРОСТА И ЧОВЕЧНОСТА ЖИВЕАТ ВО НАШИТЕ ЛУЃЕ“ - Мицкоски го посети семејството и сопругата на починатиот херој Иле

ШЕСТМИНА ПАЦИЕНТИ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ДВАЈЦА ВО ЉУБЉАНА И ЧЕТВОРИЦА НА ВМА ВО БЕЛГРАД - Таравари со редовен брифинг за состојбата на повредените

МУЦУНСКИ: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство

СЕ ОГЛАСИ ФОНДАЦИЈАТА ЗАЕВ ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ - донирале 2.500 евра на семејствата на настраданите во страотниот пожар

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ДВАЈЦА МЛАДИ УГОСТИТЕЛИ: Срамота - пуштале музика во објектите, иако цела Македонија е завиена во црно

„НЕ, НЕ СМЕ СИТЕ ВИНОВНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ“ - Ивон Величковски за Трилинг: Виновни се тие кои корумпитраат, кои се корумпираат и заработуваат на нелегален начин
