Во Њујорк се отвара првиот кафе бар каде друштво ќе ви прават мачки
Објавено во: Стил 15 Ноември, 2014 13:50
Во Њујорк се отвара првиот кафе бар со начки каде гостите со пиење на омиленото кафе ќе може да уживаат во друштво на овие миленичиња.
Гостите можат да резервираат место во кафе барот на Менхетен преку интернет за да поминат време со една од дванаесетте мачки, рекла косопственичката Кристина Ха.
Пола час ќе се наплаќа четири долари, рекла таа.
Овој последен во низата кафе барови за мачки кои се проширија во светот на сметка на Њујорчаните кои не можат да ги чуваат мачките во стан поради строгите правила на сопствениците на куќните совети или премалите станови.
„Има толку многу Њујорчани кои сакаат да си играат со мачки, но немаат простор или пари да ги чуваат во стан“, вели Ха.
Кафе барот ќе биде отворен во средината на декември, а сите мачки ќе бидат достапни за посвоијување.
Прв таков кафе бар е отворен во Јапонија во 1998 година, и од тогаш овој концепт стана хит.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





