Во Одеса загина дете кое учело во подрум во зграда
Објавено во: Свет 03 Мај, 2022
14-годишно дете синоќа загина при гранатирање на украинскиот град Одеса, тврди Киев, а Москва негира. За медиумите, соседите раскажаа дека детето учело во подрумот на зградата, односно се подготвувало за онлајн испит.
Руските проектили погодија станбена зграда и црква. Руската армија објави дека уништила логистички центар на воениот аеродром крај Одеса, преку кој западните земји доставуваат оружје за украинските сили. Во меѓувреме, двете држави ги продолжуваат преговорите за евакуација на преостанатите 200 цивили во фабриката за челик Азовстал во градот Мариупол. Според градските власти околу 100.000 цивили се уште живеат во уништениот град.
„Окупаторот се обидува да напредува во Донбас и во јужниот дел на Украина, но нашите сили херојски им се спротиставуваат“, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој додаде дека Киев работи со сојузниците на нови санкции против Русија. Повеќе од два месеци руските сили војуваат со украинските во Украина.
фото Принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.