20 Декември, 2025
0.1625

ВО ОВАА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА ПОЧНА ДУПЧЕЊЕТО ЗА НАЈГОЛЕМАТА ГЕОТЕРМАЛНА ЕЛЕКТРАНА ВО ЕУ - длабочината ќе биде и до 5.000 метри

Објавено во: Балкан 24 Август, 2024 20:37

Добивај вести на Viber

Во Хрватска започна дупчењето на идната геотермална централа Organic Rankine Cycle (ORC), која ќе биде најголемата геотермална централа од ваков вид во Европа.

Имено, во Хрватска започна дупчењето кај Ѓагавица, на североистокот од земјата, а го врши компанијата „Гео Пауер Загоча“. Станува збор за инвестиција од 140 милиони евра. Моќноста на електраната ќе биде 20 мегавати. Под самата електрана струја ќе се произведува од топла вода. Управата на Вировитско-подравинската жупанија соопшти дека дупчењето ќе достигне длабочина од 5.000 метри.

„Гео Пауер Загоча“ склучи договор со хрватското Министерство за економија за експлоатација на геотермална вода за период од 25 години.

„Гео Пауер Загоча“ склучи договор со Министерството за економија на Хрватска за експлоатација на геотермална вода за период од 25 години, со можност за продолжување. Окружните власти тврдат дека тоа е една од геолошки највозбудливите локации во земјата.

Покрај производството на електрична енергија, се размислува и за користење на геотермалната енергија за други цели. По производството на струја, а пред да се олади веќе искористената топла вода, таа повторно би можела да се користи за потребите на локалната заедница - во пластеници, оранжерии, сушилници, за одгледување риба, греење и друго.

(Извор: Јутарњи лист)

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација