Во Пекинг за 12 евра странците ќе можат да примат вакцина
Објавено во: Свет, Корона Вирус 26 Март, 2021
Kинескиот град Пекинг на странците им нуди кинеска вакцина против коронавирус.
Странците без осигурување со поддршка од градот ќе платат 93,5 јуани (12 евра) за вакцина во две дози, а оние што се опфатени со осигурувањето ќе бидат вакцинирани бесплатно. Од четирите кинески вакцини одобрени за јавна употреба, три се во категоријата деактивирани. Две се од одделот на Кинеската национална фармацевтска група (Синофарм) и една од компанијата „Синовак биотек“. Милиони дози произведени од „Синофарм“ и „Синовак“ се испратени во странство преку извоз или донации. Коронавирусот лани се појави во Вухан во Кина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.