19 Февруари, 2025
0.2149

Во последен момент се бара поскапување на парно греењето: ЕСМ Дистрибуција бара за 13 отсто повисока цена

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

ЕСМ дистрибуција на топлина до Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање за зголемување на трошокот за гориво за 2024 година за 12,92 отсто.

Барањето за промена на максимален регулиран приход и цена за 2024 година за регулираната дејност дистрибуција на топлинска енергија.

Со поднесеното барање лани во декември, како што информираат од РКЕ, ЕСМ дистрибуција на топлина бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија за 2024 година и предадените количини на топлинска енергија и зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,92 отсто.

Денеска во 12 часот истекува рокот до кога заинтересираните правни и физички лица, можеа до РКЕ да достават мислења и предлози во врска со објавеното барање на ЕСМ дистрибуција на топлина по што РКЕ на седница ќе го разгледа барањето и ќе донесе соодветна одлука.

Од ЕСМ дистрибуција на топлина за МИА информираат дека причина за поднесеното барање е зголемувањето на цената на природниот гас на берзите.

-Компаниите кои се формирани од АД ЕСМ и кои вршат енергетска дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија имаат законска обврска да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. Согласно тоа, компаниите поднесоа барања до РКЕ за корекција на регулираниот максимален приход и цена за тековната година бидејќи е настаната значителна промена на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија, односно зголемена е цената на природен гас во тек на грејната сезона, велат од АД ЕСМ.

РКЕ лани на 29 февруари за 35 проценти  ја намали цената за парното греење за сите деловни корисници во град Скопје. Тоа, како што тогаш информираше претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, се должеше на намалувањето на цената на природниот гас на берзите.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

МАКИ ЗА БРИТАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Ќе плаќаат данок на пензиите

МАКИ ЗА БРИТАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Ќе плаќаат данок на пензиите

ДАЛИ ИМА ПАРИ ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ: ММФ се интересира за состојбите на ПИОМ

ДАЛИ ИМА ПАРИ ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ: ММФ се интересира за состојбите на ПИОМ

Крис Павловски, соработникот на Доналд Трамп и Илон Маск, ја основа „Рамбл“ во Македонија

Крис Павловски, соработникот на Доналд Трамп и Илон Маск, ја основа „Рамбл“ во Македонија

ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се замрзнува цената на дел од производите

ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се замрзнува цената на дел од производите

ШОКАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БИЛ ГЕЈТС: Паметните телефони наскоро ќе бидат заменети со нешто застрашувачко

ШОКАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БИЛ ГЕЈТС: Паметните телефони наскоро ќе бидат заменети со нешто застрашувачко

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Владата нема да ги прифати предлозите на трговците и на СДСМ

Владата нема да ги прифати предлозите на трговците и на СДСМ