15 Декември, 2025
0.0282

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2025 13:37

Добивај вести на Viber

Филип Морис Интернешнал (ФМИ) објави ислучителни финансиски резултати за 2024 година, демонстрирајќи ја успешната трансформација на компанијата кон бизнис заснован на производи без чад. Со значителен раст во оваа категорија, ФМИ продолжува да ја засилува својата позиција како глобален лидер во иновативните никотински производи.

Обемот на продажба на производи без чад во минатата година порасна за 12,6% на годишно ниво, а во второто полугодие достигна раст од 14%.Вкупните испораки на производи без чад за првпат надминаа 40 милијарди единици во еден квартал.

„2024 беше извонредна година за ФМИ. Остваривме силни резултати благодарение на континуираниот раст на IQOS и ZYN. Со овластувањето за тврдењата за намалена штетност на сите ZYN никотински ќесички од Агенцијата за храна и лекови во САД, добивме дополнителна потврда за научната основа на нашите производи без чад", изјави Јацек Олчак, извршен директор на ФМИ.

Во текот на 2024 година компанијата го прошири портфолиото на своите производи без чад во речиси половина од 95-те пазари каде тие се присутни, достигнувајќи 38,5 милиони возрасни корисници на потрфолиота производи без чад. Притоа IQOS го зајакна своето второ место меѓу брендовите на никотински производи во пазарите каде што е присутен.

Во Европа, продажбата на производи без чад забележа значителен раст од 9,4% на годишно ниво, со двоцифрен раст во Бугарија, Грција, Германија, Романија и Шпанија.

„Со силен моментум во сите категории, уверени сме дека нашата трансформација без чад и неспоредливото портфолио на брендови ќе продолжи да дава одлични перформанси и да создава вредност за нашите потрошувачи и акционери во 2025 година и на долг рок“, заклучи Олчак.

Филип Морис останува посветен на својата визија за свет без чад, фокусирајќи се на проширување на своето портфолио со иновативни производи кои се подобра алтернатива за возрасните пушачи и зајакнување на позицијата на пазарот.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност