15 Декември, 2025
0.0596

ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се замрзнува цената на дел од производите

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2025 16:00

Добивај вести на Viber

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска изјави дека се ограничуваат маржите на повеќе производи. Опфатени ќе бидат млекото, брашното, јајцата, киселото млеко и други.  Ограничени маржи ќе има и за свежото овошје и зеленчук, но и на средствата за лична хигиена. 

Се утврдуваат и највисоки цени на осум групи на производи. Највисоки цени се оние кои се применувале на 1 февруари. 

Владата на денешната седница донесе две одлуки со кои за 102 групи производи се ограничуваат маржите во трговијата на големо и на мало, а за осумте најосновни производи практично се замрзнуваат цените на ниво од 1 февруари годинава. Двете одлуки ќе стапат на сила следниот ден откако ќе бидат објавени во Службен весник, а ќе траат до 30 април, беше соопштено на прес конференција во Владата. 

„Нашите очекувања се дека со овие две одлуки, цените ќе се намалат во просек за 10 отсто“, рече Ристески. 

Тој се надева дека ова ќе помогне за заштита на стандардот на граѓаните и за празниците Рамазан и Велигден. Ќе има контроли, а казните се и до 20.000 евра. 

Можеби ќе ве интересира

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета