19 Декември, 2025
0.0273

Во пожар изгоре домот на сиромашно семејство од Алинци

Објавено во: 27 Август, 2015 16:43

Добивај вести на Viber

Во битолското село Алинци, денеска на пладне изгоре до темел куќата на едно сиромашно семејство, во пожар за кој причините се уште се утврдуваат.

Професионалната пожарникарска екипа, проба да го изгасне пожарот, но со оглед на оддалеченоста на местото, таа стигнала четириесетина минути по избивањето на стихијата. Пожарникарите успеале само да го спречат само проширувањето на пожарот до соседните објекти.

11759493_1622413624681596_573454378_n (1)

Семејството Ивановски, кое инаку живее исклучиво од тутунопроизводство, сега остана и без основната покуќина и буквално под ведро небо.

,,Се изгоре во неколку минути. Куќата, мебелот, а огнот ни фати и дел од тутунот. Пожарникарите стигнаа кога веќе беше касно. Го изгаснаа само жарот што остана внатре. Сега сме надвор и немаме каде да одиме на друго место. " - вели Сребре Ивановски чиј дом изгоре во пожарот.

11923367_1622413841348241_644035419_n

Инаку тие и уште неколку фамилии што останале во селото Алинци, се обидуваат на несреќното семејство на Сребре да му помогнат барем во најелементарните потреби, но тоа се решенија само од ден за ден.

Семејството планира за помош да се обрати и до општинскиот Црвен крст во Битола и до сите благородни луѓе кои би можеле некако да им ја олеснат состојбата.

Полицијата веројатно ќе ги утврди причините поради кои настанал пожарот, но од тоа малку фајде ќе имаат членовите на семејството, кое сега буквално е останото без ништо и без никого под ведрото небо над Алинци.

Ирена Каревска