Во преработувачката индустрија се очекува бројот на вработени да се зголеми
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2016 11:51
Се очекува бројот на вработени во овој сектор да се зголеми, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2016, во однос на април 2016 година, е малку поповолна.
Се очекува обемот на производството во наредните три месеци да се зголеми, а залихите на готовите производи сe зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2016 година е малку поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на мај лани.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2016 година изнесува 64.3% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25.8%, недоволната домашна побарувачка со 16.7%, недостигот на квалификувана работна сила со 14.8% и финансиските проблеми со 8.7%.
Покрај градежниот сектор, преработувачката индустрија последниов период претставува носител на растот на македонската економија.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




