Во првите три месеци, градската каса на Скопје е посиромашна од лани!
Објавено во: Анализа 28 Мај, 2013 09:21
Најголемо учество во вкупните приходи имаат трансферите и донациите со 41 отсто. Од вкупните, како и приходите од наплата на даноци на имот, комунални такси и надоместоци за уредување и тоа во износ од 351.115.775 денари ( 5,7 милиони евра). Исто така значително е учеството о 10,3% на приходите од домашно и странско задолжување, што како што се објаснува во образложението на Градот е согласно динамиката на реализација на проектите финасирани со кредити.
На вкупната расходната страна, во првото тромесечје од годинава се потрошени 801,7 милиони денари (13.036.153 евра), односно 13,2% од вкупниот буџет. Тековно-оперативните расходи во кои спаѓаат плати, наемнини, субвенции трансфери, резерви и недефинирани расходи, и камтни плаќања отплата на главница, учествуваат со 70,2%. Од друга страна вкупните капиталните расходи учествуваат со 29,8%.
Од планираните расходи во основниот буџет за цела година во висина од 3.787.500.000 денари,(61.5 милиони евра) во првите три месеци се потрошени 358.476.679 денари( околу 5,8 милиони евра), а остварени се приходи од 406.588.689 денари( 6,6 милиони евра)
- Извршените расходи во извештајниот период се во рамки на остварените приходи. При тоа тековно-оперативните расходи учествуваат со 59,4%, а капиталните расходи со 40,6%.- Во основниот буџет во првиот квартал, вкупните приходи се остварени значително намалени во споредба со истиот период од претходната година. Ваквата состојба е резултат на локалните избори 2013 кои се одвиваа во извештајниот период, што придонесе до намалување на активностите на сите нивоа – намалена изградба на нови станови и намалена купопродажба на станови, деловен простор и земјиште, образложуваат од Градот
Во првото тромесечие на 2013 година, во Буџетот на кредити се остварени 91,1 милиони денари ( близу 1,5 милиони евра) приходи од кредити. Од тоа, 40,1 милиони денари (околу 650 илјади евра) се приходи од домашни банки, односно од кредитот кај НЛБ Тутунска банка наменети за изградба на катните гаражи; а 50,9 милиони денари (близу 830 илјади евра) се приходи согласно склучениот договор за задолжување кај Европската банка за обнова и развој наменет за реконструкција на улицата Првомајска и набавка на опрема за Центар за управување и контрола на сообраќајот.
Во кварталниот извешатај стои дека остварените приходи во првите три месеци во Буџетот на самофинасирачки активности бележат намалување во споредба со истиот период во 2012 година, што особено се забележува кај приходите од такси и надоместоци, а кои во најголем дел се однесуваат на приходи од закуп на деловен простор, како и приходи од дополнителни активности на средните училишта и културните установи. Од друга страна расходната страна на овој буџет бележи зголемување.
На контото за донации се слеани 1,7 милиони денари над 276 илјадиевра) и сите како што стои во образложениот од Градот се остварени во неколку средни училишта, согласно склучените договори за грантови преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Од Буџетот на дотации во првите три месеци се потрошени 313,5 милиони денари ( близу 5,1 милиони евра) што претставува реализација од 22,9% во однос на планот за 2013 година. Во рамки на вкупните расходи 73% се расходи за плати и придонеси на вработените во БППЗ, на вработените во средните училишта и во културните установи на Град Скопје; 12,1% се расходи за комунални услуги, греење, транспорт и комуникации, а 13,4% се расходи за договорни услуги од што најголем дел се однесуваат на плаќањата за превоз на учениците во средните училишта.
Најмногу пари се потрошени за Секторот за планирање и уредување на просторот
Во првите три месеци од годината од градската каса најмногу пари се потрошиле за Секторот за планирање и уредување на просторот, околу два и пол милиони евра. Во овој сектор спаѓаат реконструкциите и изградба на улици, булевари, тротоари, комунална инфраструктура, катните гаражи, пбјекти и друго. Еве дел од проектите за кои се издвоиле пари од градката каса во првото тромесечје:
- За изградба и надзор на деловен обејкт Градска куќа- над 246 илјади евра
- Реконструкција на деловни објекти на Град Скопје- близу 45 илјади евра
- Изградба на улици, патишта и автопати- близу 64 илјади евра
- Зимско одржување на патишта- над 570 илјади евра
- Реконструкција на мостови – над 430 илјади евра
- Изградба и надзор на две катни гаражи – близу 334 илјади евра
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





