ВО РЕДИЦИ СЕ ЧЕКА ПРЕД БАНКИТЕ: Пензионерите уште рано утринава заминаа да ги подигнат покачените пензии
Објавено во: Економија 01 Октомври, 2024 08:25
Уште од рано утринава пред банките има поголема гужва, а причина за тоа се пензионерите кои заминаа да ги подигнат покачените пензии.
Од обиколката што ја направи екипа на „Фактор“, можеше да се заклучи дека пред секоја банка утринава имаше зголемена фреквенција на луѓе, кои чекаа во ред за да влезат и да ги подигнат своите пензии.
„Редно беше и нас некој да не погледне и да ни покачи пензија. Ако сме пензионери, и ние имаме давачки кои мора да ги подмириме. Да се надеваме дека трендот на покачувања ќе продолжи“, ни изјави Милош Здравковски, кој чекаше во ред пред една од банките во главниот град.
Пензионерите од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите.
Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во м. Септември и м. Март. Поконкретно, на 1 Септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 Август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари.
Целта на измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.
Линеарното зголемување на пензиите е едно од клучните исполнети предизборни ветувања на оваа Влада, која во фокусот на своето работење го има подобрувањето на економскиот статус на граѓаните и воопшто економската состојба на државата.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




