20 Декември, 2025
0.0623

Газдите кои доцнат со плати на Балканот одат во затвор, во Македонија мува не ги лази?!

Објавено во: Економија 30 Март, 2013 08:32

Добивај вести на Viber

Вкупно, 13 илјади работници не примиле плата во јануари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, што е 2 отсто од вкупниот број на вработени во земјава. Тоа е приближно иста бројка која државната статистика ја објавува секој месец, а според експертите најверојатно се работи за вработените во загубарите како што се Охис, Емо, Еурокомпозит.. на кои и со месеци им се доцни со исплата. Во Сојузот на синдикати велат дека токму поради ваквите појави бараат построги санкции за работодавците кои нема да ги почитуваат колективните договори. „На седница на Економско-социјалниот совет ќе побараме извештај за тоа како се почитуваат колективните договори, ќе бараме и поголеми санкции, се мисли на парични, затоа што не е само неисплаќањето на плати, оти сепак, тоа се малку фирми кои доцнат со исплатата. Поголем е бројот на оние компании кои не плаќаат за прекувремена работа, кои не исплаќаат хранарина или превоз или пак други надоместоци“, вели Живко Митревски, претседател на ССМ. Митревски смета дека казна затвор е престрога казна која не би функционирала во земјава, иако таквите мерки се прифатени во речиси сите земји во регионот, а во некои се забележани и позитивни ефекти. Во регионот се апсат газдите кои доцнат со исплата Неисплаќањето на платите е проблем кој особено стана изразен со почетокот на кризата и тоа не само во земјава, туку и во регионот. Поголем дел од земјите веќе усвоија закони што ги казнуваат работодавачите, затоа што се проценува дека околу 1 милион работници низ целиот регион добиваат плата со задоцнување или воопшто не ја добиваат. Поради тоа што паричните казни се покажале како неефикасен инструмент во повеќе држави, голем дел од нив решија да воведат построги санкции за фирмите-нелаќачи. Во Хрватска, работодавачите законски подлежат на казна затвор од три години доколку на вработените не им ја исплатат платата или дел од заработката, бидејќи тоа се смета за кривично дело, иако таму законот не важи за работодавачите кои не можат да ги исплатат работниците поради нарушеното работење на нивните фирми. Во Србија од јануари годинава се усвоија законски измени со кои  неисплаќањето на работниците повеќе од три месеци се смета за кривично дело. Слични измени на законот се предложени и во Република Српска, каде се предвидуваат затворски казни од три до пет години за работодваците кои не им даваат плата на работниците редовно. Во Босна, претседателот на Стопанската комора побара измена на кривичниот закон, со што неисплаќањето на платите ќе се смета за кривично дело.По ваква мерка се посегнало поради примери во кои заработувачките се исплаќале преку бонови, со што се избегнувало плаќањето придонеси. Во Бугарија пак, строгите закони за задоцнети плати веќе се покажале успешни. Фирмите почнале да ги исплаќаат задоцнетите плати на нивните работници, откако Бугарскиот трудов синдикат открил дека 72 работодавачи им должат на работниците близу 9 милиони евра. С.Н

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба