„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2024 10:46
Бугарските медиуми пренесуваат дека претседателот на Бугарија, Румен Радев, истакнал дека најголемиот страв кај политичарите во Македонија е препознавањето на зборовуте „Бугарин“ и „бугарски“.
„Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“ во РСМ. Сега станува многу јасно зошто во пролетта 2021 година, како претставник на Бугарија во Советот на ЕУ, подолг период го преместив фокусот на европските институции и лидери од заштитата на нашата историја, култура и јазик во заштитата на правата на Бугарите. Стана јасно зошто ја покренав идејата за нивно вклучување во уставот на земјата како важен предуслов за почеток на преговорите за членство и ја бранев оваа кауза до самиот крај“, рекол Радев.
„Но денес конечно маските падна кај нашиот сосед и јасно се покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа земја е да се препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“ во РСМ. Ова е политика насочена директно против европските принципи и донесени одлуки со консензус на сите земји-членки против меѓународните обврски преземени од РСМ, но особено против сопствените граѓани, кои јасно ги декларираа своите амбиции за европски развој на земјата. Очекувам итни конкретни дејствија и од бугарската влада и од европските институции за почитување на европските принципи и норми во процесот на проширување, за гарантирање на неповратност и одржливост во афирмацијата на принципите на демократијата и главните критериуми во почитувањето на човековите права. Ако ЕУ не се заложи за европската перспектива на Балканот, врз основа на јасни принципи, норми и вредности, тогаш порано или подоцна Балканот ќе ја соочи Европа со балканизација“, рече претседателот Румен Радев, пишуваат медиумите во Бугарија.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




