05 Декември, 2025
0.0703

Во семејството еден е столб, другиот мотор: Ема Попивода - неодолива убавина

Објавено во: Стил 26 Јануари, 2022 14:54

Добивај вести на Viber

Дека убавината е апсолутна - тоа е факт, без оглед на преовладувачкото мислење за нејзиниот релативитет. Како било, македонската, женска убавина не може да се оспори, како што не може да ѝ се одолее.

Рубриката почнува денеска, среда и продолжува, секој трет ден во неделата. Убавите жени, Македонки одговараат на исти прашања. Темата секогаш е занимлива, машко-женските односи.

Тивката, нежна изведба се испреплетува со нејзината убавина, во секој поглед. За Ема Попивода чиј академски степен е доктор се говори со пиетет, без исклучок. И секогаш. Таа е врвна пијанистка. Нејзините концерти се восхитувачки, едноставно ја воодушевуваат публиката која е многубројна, и тука и надвор, во странство. Напоредно работи како професорка во штипската Музичка академија, предава пијано.

И силната љубов и целосната посветеност е очигледна, како што не можат да поминат незабележливо сите нејзини музички проекти. Оттаму и креативниот пристап, и уметничкиот, творечки порив.

Сепак, ќеркичката Вивиен е нејзиниот животен здив, најголема љубов. И сопругот Давор, се разбира. Неговата поддршка е огромна. Всушност, заедно работат на проектите, од идеја до нивна реализација.

СИМУЛТАНКА

Според Вас, што е пандан или еквивалент на женската убавина? Машкото срце? Или, можеби, неговиот шарм?

- Сметам дека не постои баш егзактна диференцијација на сите овие атрибути. Тие се поврзани и делуваат заемно. Женската убавина не е само надворешниот изглед, цртите на лицето, телото, туку таа доаѓа и од личноста, самодовербата, духот, енергијата, образованието, знаењето... Наједноставен одговор би бил дека тоа е машката убавина. А неа ја истакнува и шармот, образованието, смислата за хумор, добрината...

А, кои машки атрибути Ви се најпривлечни? Физичките (телесните), умствените? На што не можете да одолеете?

- Комбинацијата од двете е дефинитивниот win-win. Најодбивни атрибути ми се злобата и неинтелигентноста.

Повеќе на Машки магазин овде

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: