Во Шангај се продаде најскапата парцела земја за 2012-та
Објавено во: Стил
13 Декември, 2012
Добивај вести на Viber
Во Шангај е регистрирана продажбата на најскапата парцела земја за оваа година, кога плац со површина од 107 500 квадратни метри во близина на јужната железничка станица во Шангај, вчера беше продадена за сума од 5.4 милијарди јуани (864 милиони долари), јавија локалните медиуми.
Групација од четири компании, предводени од „China Vanke Co.“- најголемиот кинески градежен претприемач и „Shanghai Greenland Group Co.“ -кој ја гради втората највисока кула во Кина, се купувачи на парцелата, соопшти Блумберг.
Вредноста на земјиштето во Кина почна да се расте во втората половина на оваа година, со оглед на зголемените надежи за посериозно обновување на светската економија. Просечната цена на земјата се зголеми за 23% во ноември на годишно ниво според податоците на „SouFun Holdings Ltd.“, најголемиот сопственик на недвижен имот.
Во изминатиот месец од агенцијата за рејтинг „Moody's“ беше зголемен рејтингот на секторот за недвижности во Кина до "стабилен" од "негативен", а се очекува понатамошно подобрување на кинеската и светската економија во следната година.
Продажбата на имоти се зголемиле за 18.3% во ноември на месечна основа според Државниот завод за статистика на Кина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.