ВО ШТО Е ТАЈНАТА: Ворен Бафет заработувал 2 милиони долари секој ден од животот
Објавено во: Стил, Финансии 31 Август, 2016 12:07
Вчера, 30 август еден од најпознатите инвеститори во светот Ворен Бафет го прослави 86-тиот роденден. Со состојба која се проценува на околу 61 милијарди долари, тој заработувал во просек по 1,94 милиони долари на ден во текот на секој ден од својот живот, коментира CNBC.
Се разбира, јасно е дека тоа не е сосема точна пресметката, бидејќи тој има заработено многу повеќе пари во втората половина на својот живот, отколку во првата. Но, како начин да се направи споредба помеѓу возраста и богатството, 1,94 милиони долари е бројка која создава појасна перспектива за неговата состојба.
Врз основа на оваа споредба Бафет би го зазел седмото место на листата со милијардери.
На прво место на листата се Марк Цукерберг и Бил Гејтс - единствените две лица, кои во просек имаат заработено по над 3 милиони долари на ден. Многу од шефовите на најпознатите технолошки гиганти ја надминуваат елитната граница од 1,5 милиони долари. Меѓу нив се Џеф Безос од Amazon, Лери Елисон од Oracle и „момците од Google“- Лери Пејџ и Сергеј Брин.
Како шеф на „Berkshire Hathaway“ Бафет е најстариот извршен директор меѓу сите компании во индексот„ S & P 500“, како веднаш по него е Руперт Мардок од „News Corp“. На другиот крај на оваа листа е Марк Цукерберг, кој пак е најмладиот извршен директор во S & P 500.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:






