20 Декември, 2025
0.0400

Во што инвестираат супербогатите бизнисмени од Блискиот Исток?

Објавено во: Економија, Свет 07 Септември, 2016 19:29

Добивај вести на Viber

Супербогатите инвеститори од Блискиот Исток продолжуваат да инвестираат во имот. Лондон, Њујорк и Сингапур се најпосакуваните дестинации, а становите се нивен избор. Две третини од супербогатите од регионот на Блискиот Исток ќе продолжат да инвестираат во имот, иако пазарот покажува знаци на празнење и забавување. Ова го покажуваат податоците од истражувањето на консултантската компанија Cluttons заедно со YouGov, цитирани од онлајн изданието worldpropertyjournal.com. Купувачите на имот со нето богатство над 2 милиони долари ги преферираат пазарите во Лондон, Њујорк и Сингапур. Живеалиштата се купуваат со цел зачувување на капиталот. Глобалните пазари на имот нудат не само зачувување на капиталот при инвестирање во станбен имот, но и висок поврат при изнајмување, се наведува во извештајот. Меѓу најактивните на пазарот на недвижности глобално се богатите инвеститори од земјите од Блискиот Исток и Персискиот залив. Тие се засилија по 2014 година, кога започна падот на цените на нафтата. Само во првиот квартал на 2016 година инвеститори од регионот вложиле 418 милиони солари во деловен простор во Лондон, што претставува 7% од вкупните инвестиции во градот во овој период. Пазарот на недвижности во Лондон станува уште попривлечен за инвеститорите од Блискиот Исток поради Брегзит и конверзии на валутите. Њујорк  е фаворизиран што се однесува до бизнис имотите. Градот станува привлечен поради ниските цени во споредба со Лондон. Инвеститорите од регионот се повеќе се привлечени и од политичката стабилност и позициите на Сингапур и покрај ограничувањата кои локалната власт треба на пазарот на недвижности, поради брзо растечките цени.  

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба