Во Скопје бројот на активни се искачи над 10.000
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Април, 2021
Во главниот град бројот на активни се искачи над 10.000 случаи.
Најновите податоци на Министерството за здравство покажуваат дека во Скопје има 10.281 активни случаи. Следен град е Прилеп, со 1.106 случаи и Куманово со 966. Велес има 780, а Кавадарци 727, додека Битола има 897 активни. Висока бројка има и Охрид, односно 837 активни случаи на коронавирусот. Најмалку има во Дојран, 11 активни, а во Македонска Каменица има 17.
За 24 часа починаа 50 луѓе. Во последните 24 часа се направени 4.174 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 580, Битола – 113, Куманово – 75, Прилеп – 59, Велес – 50, Охрид – 43, Кавадарци - 41, Тетово – 38, Гостивар – 36, Струмица – 32, Штип – 31, Кочани – 30, Гевгелија – 27, Ресен – 24, Кичево – 22, Радовиш – 14, Струга – 13, Берово – 12, Неготино - 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Виница – 8, Богданци – 7, Делчево - 6, Свети Николе и Македонски Брод - по 5, Дебар, Пробиштип, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево - 3, Кратово и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 457 оздравен пациент.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.