19 Декември, 2025
0.0355

Во Скопје ќе се одржи меѓународен саем за мебел

Објавено во: Економија 16 Март, 2016 14:13

Добивај вести на Viber

На Скопски саем од 22 до 27 март ќе се одржи  меѓународниот саем за мебел, кој оваа година го одбележува своето 42 годишно постоење. Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел е водечки настан во модерниот и класичен мебел и дизајн на овие простори и пошироко. На овогодинешниот саем, ќе се случува вистинско уживање за сите оние кои ќе дојдат да си купат нешто за дома, дворно место или канцеларија од 400-те странски и домашни изложувачи кои имаат понуда од 10.000 изложени парчиња на мебел и сето тоа за прв пат во рекордни 11 саемски хали. „Меѓународниот саем МЕБЕЛ, стана препознатлив бренд во оваа индустрија и со текот на годините прерасна во еден од најдобрите и најпосетени саеми во регионот. Имено, станува збор за една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко, која е запаметена и со нетрпение очекувана заради своите оригинални декорирани изложбени простори, кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание“- изјави оперативниот директор на проект во Скопски саем, Магдалена Хамбова. Оваа специјализирана комерцијално изложбена манифестација стана своевидна берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од нашата земја, балканскиот регион и пошироко. Над 50.000 посетители секоја година ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учество земаат повеќе од 400 домашни и странски изложувачи.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите