Во Словенија децата учат во шума, кај нас – во бетон. Кога Македонија ќе сфати дека образованието не е само табла и креда?
Објавено во: Општо 06 Октомври, 2025 11:59
Додека Словенија воведува шумска терапија како дел од наставата – прошетки низ природа кои ја намалуваат анксиозноста, го подобруваат имунитетот и ја зголемуваат концентрацијата – македонските деца сè уште учат во простории без свеж воздух, често со застарени програми и минимален контакт со природата.
Биотехничкиот центар „Накло“ во Словенија е првото училиште што ја интегрирало шумската терапија во својата програма. Таму, учениците и наставниците не одат во шума само за излет, туку за вистинска лекција за телото и умот.
Преку вежби за дишење, движење и освестување, децата учат да ја доживеат природата како училница. Истражувањата потврдуваат дека ваквиот пристап ја подобрува концентрацијата, ја намалува анксиозноста и создава покреативни ученици.
Кај нас, пак, „настава во природа“ е речиси исчезнат поим. Неколку основни училишта, како „Александар Македонски“, „Димитар Миладинов“ или „Браќа Миладиновци“, ја имаат наведено во своите годишни планови како можност – најчесто за петто одделение или како дел од кратка пролетна екскурзија.
Во поединечни случаи се спроведуваат активности на отворено, но тоа се изолирани примери, далеку од системска пракса. Постојат и проекти како „Learn Green – Outdoor STEM“, каде што учениците експериментираат надвор од класичната училница, но тие иницијативи се финансираат преку донаторски програми и зависат од ентузијазмот на поединци.
Министерството за образование нема прецизна статистика колку училишта реално практикуваат ваква форма на настава, што доволно зборува дека не е приоритет во системот.
Шумската терапија во Словенија не е тренд, туку визија – дека смирени, љубопитни и здрави деца се темел на општество кое мисли долгорочно.
Македонија има планини, паркови и природа што би можела да стане најубавата училница. Само недостига најважното – волја да се вложи во детето, а не во ѕидот околу него.
Извор: Женски магазин
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





