20 Декември, 2025
0.0677

Во Солун големи протести против владините мерки за „работна резерва“

Објавено во: Балкан 07 Септември, 2013 17:05

Добивај вести на Viber

Поради плановите на грчката Влада, до крајот на годината, да префрли околу 25.000 државни службеници во т.н. „работна резерва“, од каде ќе бидат прераспределени на нови работни места во државниот сектор или ќе бидат отпуштени од работа, денеска, во Cолун, неколку илјади вработени во органите на локалните самоуправа, полицајци и училишни чувари се собраа на протест. Како што јавува ИТАР-ТАСС, митингот започнал во време кога грчкиот премиер Андонис Самарас се обраќал на отворањето на овогодишниот Меѓународен саем во Солун, при што најави дека шесте години рецесија на Грција ќе завршат следната година и оти економијата на земјата ќе започне да расте. Специјални полициски сили не им дозволија на учесниците на протестот да се доближат до Саемот, па тој се одржа на друга локација. Солунските полицијаци кои учествуваа на протесниот митинг беа облечени во своите унифоми на кои беа закачени листови хартија на кои беа испишани нивните биографии. – На овој начин сакаме да покажеме дека зад униформите стојат конкретни луѓе со своите судбини - изјави претставник на полицискиот синдикат.  

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација