18 Декември, 2025
0.0428

ВО СРБИЈА КАКО ВО ШПАНИЈА, ВО ХРВАТСКА НАЈЕВТИНО ВО ЕУ: Колку чини земјоделското земјиште?

Објавено во: Економија 29 Декември, 2022 15:11

Добивај вести на Viber

Земјоделското земјиште во Србија, посебно во Војводина е на цена, што не може да се каже и за другите земји од регионот, пишува српски Блиц

За квалитетна парцела со добра локација во Војводина, треба да издвоите и по 20.000 евра за хектар. Од друга страна, земјоделското земјиште во Хрватска е меѓу најевтините во ЕУ, а мораториумот за продажба на странци истекува наскоро. 

Земјоделско земјиште нема многу на понуда во Србија, а цената зависи од класата на почвата, локацијата, проодноста на патиштата, наводнување и дали е под закуп.  Се бараат парцели земја, а некои од нив имаат астрономски цени. 

Во Јужнобачкиот округ и натаму цените се највисоки. Ораниците во Војводина се блиску со цени како оние во ЕУ. Просечната цена на хектар во овој дел од Војводина е по 12.000 евра. Во Севернобачкиот округ цените беа во просек по 10.000 евра, а Севернобанатскиот округ има цени од 8.000 евра по хектар, како во Шпанија. 

Во ЕУ има драстични разлики на цените, па така ако во Луксембург цената на хектар е 47.290 евра, во Хрватска е 3.661. Ова може да се забележи од податоците на Евростат за 2021 година. За Холандија не се собрани податоци, но според податоците од 2020 година, таму просечната цена за хектар била 71.225 евра. Во Горни Норналд во Шведска е доста евтино и таму цената по хектар е 1.882 евра. 

И во Хрватска има разлики. Во Јадранскиот дел е најскапо и чини 5.312 евра за хектар, додека во северна Хрватска е најевтино и чини 3.171 евра. Во Панонскиот дел цената е 3.701 евра. 

foto S PASALIC

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа