11 Декември, 2025
0.0373

„Во станица ме држеа цела ноќ - ова е направено лично“: Аца Лукас по апсењето во Кавадарци

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2025 09:14

Добивај вести на Viber

Српскиот пејач Аца Лукас се огласи по прекинатиот настап во Кавадарци, каде полицијата го приведе во станица поради, како што беше соопштено, непријавен и нерегуларен концерт. 

Пејачот во подолга изјава тврди дека целата акција била лично насочена кон него и неговиот тим.  

Според Лукас, настапот бил при самиот крај кога во локалот влегла полицијата и го прекинала концертот.  

- Не сум уапсен, отидов со сопствено возило. Во станицата ми рекоа дека настапот не бил регуларен, дека не бил пријавен, иако неколку дена претходно испратив копија од пасош – како што секогаш правиме - изјави тој.  

Пејачот вели дека целиот бенд бил на бина, но само тој бил собран во станица.  

- Имам сознание дека ова е направено лично и дека има врска и со луѓе од моето најблиско опкружување и со врвот на македонската власт - тврди Лукас.  

Тој додава дека, доколку имало неправилности, надлежните требало да реагираат пред настапот, а не пред „2000 луѓе и кусур“.  

- Ова е како да знаете дека некој доаѓа да убие некого, а вие да реагирате дури после тоа. Сè е јасно - порача пејачот.  Според неговите зборови, во полициската станица поминал цела ноќ, без дозвола да се врати во хотел, а утрото чекал судија за прекршоци. Притоа, како што вели, полицајците во станицата биле коректни и дури му се извиниле.

- Еден човек од судот ми рече: ‘Може ли да ви се извинам во име на македонскиот народ’. Нема потреба – народот е прекрасен. Проблемот е кој го води - изјави Лукас.  

Пејачот вели дека ќе размисли дали воопшто ќе настапува во Македонија „додека овие луѓе се на тие позиции“, бидејќи се чувствува небезбедно.  „Ова нема да остане неразјаснето. Ќе објавиме сè кога ќе бидеме сигурни. Не се плашиме од никого,“ додаде тој.


За потсетување, пејачот беше уапсен на концерт во Македонија, и тоа додека траел неговиот настап. 

По реакциите во јавноста за прекинатиот настап на Аца Лукас во Кавадарци, од СВР Велес информираа дека полицијата констатирала дека пејачот настапувал без потребната дозвола по што бил приведен.

- Утрово во во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи, било констатирано дека во угостителски објект во Кавадарци А.В. настапувал без потребната дозвола, соопштија од СВР Велес. 

Против А.В била поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци, а од страна на Основен суд Кавадарци му била изречена парична казна.

- При контролата во истиот угостителски објект констатирани се прекршоци од страна на УЈП за неиздавање на фискална сметка, прекршок согласно Закон за пушење, a од страна на ДПИ е констатирано дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволениот број, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци,  појаснија од СВР Велес.

Оттаму дополнуваат дека Министерството за внатрешни работи во соработка со другите надлежни институции, ќе продолжи и во наредниот период со зајакнати акциски контроли на територијата на целата држава, со цел санкционирање на било какво кршење на законите.

На темата вчера се огласи и градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој 

објасни дека организаторите однапред поднеле барање до Општина Кавадарци за поставување урбана опрема и проширување на просторот за концерт, но барањето било одбиено поради проценка дека условите се небезбедни.

– Беше побарано од Општина Кавадарци дозвола за поставување опрема за настанот на Аца Лукас. Комисијата утврди дека нема услови за тоа, поради безбедносни причини. На 14.11 барањето беше одбиено, а сопственикот беше писмено и усно информиран – рече Јанчев.

Тој истакна дека локалот има капацитет од 200 гости, а внатре биле затекнати дури 700 лица.

– Не смееме да дозволиме да се повтори трагедија како онаа во Кочани. Локали пренатрупани со гости, без почитување на безбедносните мерки, тоа во Кавадарци нема да помине – додаде тој.

Јанчев напомена и дека ангажманот на самиот изведувач не бил пријавен ниту во Агенцијата за вработување, ниту во Министерството за труд, што претставува дополнителен прекршок..

Фото: Принтскрин/Социјални мрежи

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие

OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски