Во Струмица растурена забава, во тетовско во угостителски објект затекнати над 20 гости
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2021
Во Струмица имало корона забава, а во тетовско се собрале 20 гости во угостителски објект.
Полицијата растури корона забава во стан во Струмица. Ова се случувало за време на полицискиот час.
Утрово околу 03.40 часот, по претходна пријава, полициски службеници, со овластување од јавен обвинител, извршиле контрола во стан на струмичкиот булевар „Ленинова“, при што утврдиле недозволено групирање. 22-годишниот струмичанец Д.А. во својот стан организирал забава со уште седум лица. Тие сториле кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 21.35 часот, инспектори во Државниот пазарен инспекторат Тетово извршиле контрола во угостителски објект во село Порој, тетовско, сопственост на Ш.К. од с.Порој, при што констатирале дека објектот работи по дозволеното време и во него се затекнати над 20 гости. По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик. М.Б. од Порој, ги попречувал инспекторите и се обидел и физички да ги нападне, но присутните го спречиле. По целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава..
На сила е забраната за движење од 22 часот навечер до 5 часот наутро.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.