24 Април, 2025
0.0405

Поранешна компанија на премиерот Ковачевски ќе произведува соларни панели во индустриската зона Тетово

Објавено во: Економија 13 Септември, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Пиксел Гроуп, компанијата чиј поранешен сопственик е актуелниот премиер Димитар Ковачевски, ќе гради фабрика за производство на соларни панели за фотоволтаични централи во индустриската зона во Тетово.

Покрај Пиксел Гриуп, во „Акционерското друштво за производство на фотоволтаични панели и соларни системи АЕ Солар АД Тетово“, удел поседува и АЕ Солар Хоризон АД од Софија, компанија преку која се најавува голема германска инвестиција.

Друштвото е основано со 250 акции, секоја со номинален износ од 100 евра. Останува Владата да го обзнани големиот германски инвеститор, со кој треба да се потпишат два договори за државна помош, од кои едниот за закуп на градежно земјиште, а другиот за инвестицискиот проект.

Според сознанијата на „Фактор“, соларните панели ќе се произведуваат претежно за извоз, а во фабриката би биле вработени за почеток околу 200-тини работници. Дејноста е „производство на апарати за дистрибуција и контрола на електричната енергија“.

Горанчо Паунов, поранешниот бизнис-партнер и наедно кум на премиерот Ковачевски, и актуелен сопственик на Пиксел Гриуп е еден од двајцата извршни директори, а претседател на Одборот на директори е професорот Илија Насов како неизвршен член.

Пиксел Грoуп во септември.2020 соопшти дека Димитар Ковачевски како новоназначен заменик-министер за финансии во целост го повлекува износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa.

„Врз основа на претходното д-р Ковачевски го пренесе во целост својот удел на содружникот во Пиксел Гроуп и со тоа веќе нема никакви удели ниту интереси во компанијата. Со тоа д-р Ковачевски целосно се посветува на вршење на својата нова функција“, објави тогаш неговата фирма.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки

ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ВО НОВИ ХОТЕЛИ: Во Хрватска доаѓаат Хајат, Хилтон, Мериот, Акор...

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ВО НОВИ ХОТЕЛИ: Во Хрватска доаѓаат Хајат, Хилтон, Мериот, Акор...

ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

Финансиска полиција откри „семкар“ кој затаил 200.000 евра

Финансиска полиција откри „семкар“ кој затаил 200.000 евра

Атлантик Група: Силен раст на продажбата и профитабилноста под притисок на високите цени на кафето и какаото

Атлантик Група: Силен раст на продажбата и профитабилноста под притисок на високите цени на кафето и какаото

КИНА И САД ИМААТ МОЖНОСТ ЗА ИСТОРИСКИ ДОГОВОР: Американскиот министер за финансии рече: „Ајде да го направиме тоа заедно“

КИНА И САД ИМААТ МОЖНОСТ ЗА ИСТОРИСКИ ДОГОВОР: Американскиот министер за финансии рече: „Ајде да го направиме тоа заедно“

Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

Во јавно претпријатие кое работи со загуба, исплатата на плати се зголемила за 12 отсто

Во јавно претпријатие кое работи со загуба, исплатата на плати се зголемила за 12 отсто

РАСТЕ ПЕСИМИЗМОТ: Секоја трета германска компанија планира отпуштања

РАСТЕ ПЕСИМИЗМОТ: Секоја трета германска компанија планира отпуштања