24 Мај, 2025
0.0343

Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

Објавено во: Економија 24 Април, 2025 12:28

Добивај вести на Viber

Од дејноста во првиот квартал „Макпетрол“ генерирал профит во вредност од 1,4 милиони евра, а уште 1,6 милиони евра се нето финансиски приходи во периодот јануари - март

Најголемата македонската компанија за трговија на мало со нафтени деривати ги израдува своите акционери, а воедно внесе оптимизам и општо кај инвеститорите на Македонската берза.

„Макпетрол“ во својот единечен извештај за работењето во првиот квартал годинава објави умерен раст на приходите и раст на нето добивката.

Така за првите три месеци приходите од продажба на „Макпетрол“ изнесуваат 113,57 милиони евра и тоа е за 5 осто подобар резултат од истиот период лани. Во структурата на продажба како и секогаш досега убедливо доминира домашниот пазар со 111,91 милиони евра.

Вреди да се истакне и тоа што иако има мало учество во вкупната продажба сепак извозот на „Макпетрол“ во првиот квартал годинава е зголемен за 50 отсто во споредба со истиот период лани.

Паралелно со растот на продажба растат и оперативните расходи на компанијата и тоа за 6 отсто во споредба со лани. На крај на март годинава тие изнесуваат 112,46 милиони евра. Очекувано убедливо доминантно учество имаат трошоците за набавка на трговски стоки и за тоа во првите три месеци „Макпетрол“ платил 98,75 милиони евра.

За своите вработени „Макпетрол“ платил 7,23 милиони евра што е за 10 отсто повеќе од истиот период лани. Воедно тоа е втора најголема ставка во вкупните оперативни расходи на оваа компанија. „Макпетрол“ има над 1.800 вработени, а најголем дел од нив се ангажирани на 126 бензински станици на компанијата ширум Македонија.

Оперативната добивка на „Макпетрол“ во првиот квартал заради зголемените оперативни расходи е помала 27 отсто во споредба со истиот период лани. Таа изнесува 1,4 милиони евра.

Значајно позитивно влијание врз нето добивката на „Макпетрол“ имаат финансиските приходи на компанијата. Од таа ставка „Макпетрол“ нето (по одбивање на финансиските расходи н.з.) инкасирал 1,6 милиони евра.  

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Зошто цените во Хрватска се зголемија двојно повеќе отколку во Словенија и Италија?

Зошто цените во Хрватска се зголемија двојно повеќе отколку во Словенија и Италија?

СЕДУМЧАСОВЕН РАБОТЕН ДЕН: Црна Гора е на чекор да ја воведе оваа мерка

СЕДУМЧАСОВЕН РАБОТЕН ДЕН: Црна Гора е на чекор да ја воведе оваа мерка

ВО БОСНА ИМА НЕДОСТИГ НА РАБОТНА СИЛА: Под кои услови пензионерите можат да работат?

ВО БОСНА ИМА НЕДОСТИГ НА РАБОТНА СИЛА: Под кои услови пензионерите можат да работат?

БЕЛГРАД, НОВИ САД, НИШ: Ова се цените на становите

БЕЛГРАД, НОВИ САД, НИШ: Ова се цените на становите

СРБИТЕ БАРААТ БЕРАЧИ НА МАЛИНИ: Нудат дневници, храна, сместување

СРБИТЕ БАРААТ БЕРАЧИ НА МАЛИНИ: Нудат дневници, храна, сместување

ДОБРА ВЕСТ ЗА СРПСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Ќе има вонредно зголемување на минималецот

ДОБРА ВЕСТ ЗА СРПСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Ќе има вонредно зголемување на минималецот

ЗАВРШИЛ 4-ТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ: Во најбогатото ромско село кај Шабац има огромна вила

ЗАВРШИЛ 4-ТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ: Во најбогатото ромско село кај Шабац има огромна вила

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ВО ЕВРОПА „ЕКСПЛОДИРАЛЕ“: Некаде становите се трипати поскапи

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ВО ЕВРОПА „ЕКСПЛОДИРАЛЕ“: Некаде становите се трипати поскапи

РЕКОРДНО НИСКА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Соседите најлошо котираат

РЕКОРДНО НИСКА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Соседите најлошо котираат