Во Црна Гора за еден пензионер работат двајца вработени
Објавено во: Балкан 31 Мај, 2016
Во Црна Гора за еден пензионер работат двајца вработени, поради што пензискиот систем во земјата станува неодржлив.
Во март односот меѓу пензионерите и вработените беше 1:1.58, а на крајот на минатата година тој однос беше 1:1.54.
Во март е евидентирано дека во државата има 108.901 пензионер, а вработени се 172.098.
Придонесите се уплаќаат нередовно, и затоа пари за пензии се дотираат од буџетот.
Експертите предлагаат дека се потребни реформи на пензискиот систем, по модел на земји кои имаат сличен број на пензионери и работници како и Црна Гора.
Со моменталната состојба пензискиот систем е неодржлив на долг рок. Експертите велат дека економијата е зрела за реформи.