Во животот некогаш јасно треба да одлучиме: да останеме, или да заминеме!
Објавено во: Стил 19 Март, 2019 14:37
Секој ден од животот се наоѓаме на крстопат на донесување различни одлуки.
Го живееме животот, сонуваме некои подобри можности а се плашиме да го напуштиме сигурното минато и се наоѓаме на две страни што да направиме. Без разлика дали мора да избереме партнер на кој ќе му се подариме себе, без разлика дали мора да избереме работа, пријатели, хоби, никогаш не сме целосно сигурни што е вистинската одлука за нас. Што да прифатиме а што да отфрлиме!? Проблемот е уште поголем кога ни нашето срце не е на чисто со самото себе, а одлуката треба да се донесе.
Во животот понекогаш треба јасно да одлучиме: да останеме или да заминеме. Нема смисла физички да се биде присутен на едно место, а емоционално некаде на друго. Да се мачиме и себе и другите. Најтешко е да се седи на две столчиња. Тогаш не си никаде, и тогаш може да те исфрлат од двете. Неодлучноста може да стане извор на многу психофизички заболувања ако се одложува недоглед. Освен тоа неодлучноста создава трајно незадоволство бидејќи во изобилството на можности не сме подготвени ниту една јасно да одговориме со „да“.
Агонијата на неодлучност е нешто најлошо што може да ни се случи бидејќи тогаш веќе го нема светот во кој живееме, тогаш ги нема личностите на кои им припаѓаме, а најлошо од се е што ни самите ние не сме сигурни кој би требало да донесе одлука наместо нас. Тогаш, се што правиме е половина направено и тогаш кога се штима и изгледа совршено ние не сме мирни во себе бидејќи во нас уште се крши онаа другата опција, опција на која можеме да и припаѓаме, избор кој можеме да го живееме.
Треба да пресечеме што порано, бидејќи и тогаш ако сфатиме дека сме направиле погрешен избор можеме повторно да тргнеме од почеток. Тоа е порака на успешните луѓе, не погрешно да научиме како функционираат работите. Додека не пресечеме, не можеме ниту ништо да почнеме, бидејќи трае сценариото во кое не го знаеме конечниот исход. Затоа во каква прилика на донесување одлука и да се наоѓате сфатете дека патот почнува тогаш кога за нешто ќе се одлучите. Додека тоа не го направите - нема вистински живот.
Фото/Извор: pozitivanstav
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





