(ВИДЕО) УПОТРЕБИЛЕ ДУРИ 117 ДРОНОВИ: Украина објави уште едно видео од историскиот напад во Русија
Објавено во: Свет 11 Јуни, 2025 18:03
Украина објави нова снимка од историскиот напад кој неодамна го изврши на руска територија и уништи бомбардери.
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави снимка од голема операција со беспилотни летала извршена на 1 јуни на територијата на Руската Федерација, со кодно име „Пајажина“.
Според СБУ, во операцијата биле користени дури 117 дронови, кои биле тајно префрлени на руска територија, скриени во товарни возила.
Ukrainian Intelligence Service SBU releases a follow up video on operation Spider Web pic.twitter.com/WjCkVGAh5V
— Ukraine War Now ✙ (@uarealitynow) June 11, 2025
Цел на нападот беа четири стратешки воени воздухопловни бази: Белаја, Олења, Ѓагилево и Иваново. Во овој прецизно координиран удар беа оштетени 41 авион на руската армија, вклучувајќи стратешки бомбардери од типовите Ту-95, Ту-22М3 и Ту-160, извидувачки авиони А-50, како и транспортни авиони Ан-12 и Ил-78. Вкупната штета, според украински извори, надминува седум милијарди американски долари.
Според украински извори, операцијата била планирана со месеци и извршена од рускиот град Чељабинск – само неколку километри од локалниот огранок на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




