19 Декември, 2025
0.0416

Водич за возење со ЈСП - Бесплатно е и се стигнува, немате изговори

Објавено во: Економија 28 Декември, 2017 07:30

Добивај вести на Viber

Денес како резултат на повеќедневното загадување на воздухот со штетни честички неколкукратно над дозволеното предизвика активирање на интервентните мерки, меѓу која е и бесплатниот автобуски превоз на ЈСП и приватните автобуски превозници во Скопје. Ако се гледа според анализата нарачана од град Скопје уште од администрацијата на Коце Трајановски, загадувањето од автомобилите не е најголемо со учество од 20%, но е еден од позначајните фактори при испуштање на јаглерод кој го загадува воздухот и околината. 

Затоа денес, кога веќе е бесплатно за тие што редовно сами се возат со автомобил нудиме неколку совети за почетници за полесно да се снајдат во автобусите на ЈСП и приватниците. Најпрво отворете ја веб страната jsp.com.mk на која ќе го најдете возниот ред за линијата со која треба да патувате. Едната шема ги покажува почетните времиња на тргнување на секој автобус, како од првата така и во обратна насока. Втората шема е планска, односно може да видите точно во која минута ќе пројде посакуваниот автобус на вашата постојка. 

Ако сте во движење и немате време од компјутер да отворате веб страни тогаш инсталирајте ја мобилната апликација ЈСП Возен ред која е бесплатна за користење. На неа ќе го најдете истиот распоред на почетни поаѓање на автобусите од двете насоки, како за градски така и за приградски линии. Нешто понапредна е апликацијата JSP on the Go која ги има сите информации од базата на автобуските превозници и прикажува точно време до секунда на поминување на автобусот на посакуваната постојка, секако доколку не се случи непредвидена блокада на сообраќајот. 

Следен чекор е да си купите картичка за возење, а најлесно е тоа да го направите со неперсонализирана електронска картичка бидејќи штом веќе стекнавте навики на качување во автобус и увидовте дека нема да се случи никаква катастрофа може и да продолжите со користење на јавен превоз барем додека трае зимата бидејќи загадувањето нема така магично да исчезне, а ако се намали во наредните денови или дојде ветер некој ден нема повеќе да има ниту бесплатно возење па картичка секако ќе ви треба. 


Првото плаќање чини 150 денари со две гратис возења, а да не заборавите дека може да платите и преку мобилен телефон иако таа услуга ќе ве чини 5 денари повеќе од вообичаеното едно плаќање за едно возење. Најмал износ со кој може да ја надополните картичката е 100 денари, а исто така исплатлива варијатната е билетот со 10 возења кој чини 250 денари. 

Возете се почесто со јавен или алтернативен превоз и покажете на дело дека ви е грижа за животната средина, особено во овие периоди на голема загаденост на воздухот.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии