ВОЕНА СОРАБОТКА МЕЃУ ХРВАТСКА, КОСОВО И АЛБАНИЈА: Милановиќ објасни за каков тип на сојуз станува збор
Објавено во: Балкан 27 Март, 2025 20:30
Воената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово не значи сојуз. Ова го тврди хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
„Тоа беше акција преземена од хрватскиот министер за одбрана (Иван Анушиќ). Тој документ нема никаква правна тежина. Тоа е гест на добра волја“, рече Милановиќ на Факултетот за политички науки во Подгорица.
На прашањето на студентите за трилатералниот договор кој наиде на критики од Србија, Милановиќ рече дека тој не е меѓународен договор во строга смисла на зборот, ниту е според хрватскиот закон за меѓународни договори.
„На Србија тоа не и` се допадна, тоа му послужи како причина или изговор на претседателот (Александар) Вучиќ за некои домашни политички потези“, рече Милановиќ.
Косово и двете земји од регионот на Западен Балкан кои се дел од Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), Албанија и Хрватска, минатата недела потпишаа декларација за продлабочување на соработката во областа на одбраната и безбедноста.
Без конкретни детали, министрите за одбрана на трите земји порачаа дека ќе ја зголемат интероперабилноста на нивните армии преку едукација, обука и заеднички вежби, како и дека ќе се вклучат во борбата против хибридните закани.
Србија го сметаше тоа за чекор што ја „поткопува регионалната стабилност“ и како закана за нејзиниот „територијален интегритет“, додека Косово рече дека иницијативата не треба да се гледа како закана за никого, туку дека треба да се прифати како порака дека трите држави ќе бидат обединети пред секој предизвик или закана.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





