16 Декември, 2025
0.0589

Војната во Украина го затвори пазарот за македонското јаболко – каде е излезот?

Објавено во: Економија, Агробизнис 14 Март, 2022 06:54

Добивај вести на Viber

Поради војната во Украина, се спушта рампата за македонското јаболко чии количини со години ги апсорбираше рускиот пазар.

Со руската воена инвазија во Украина, пропаѓа пласманот на македонските култури во Русија, Белорусија и Украина. Со ова директно ќе бидат погодени македонското земјоделство, и овоштарството како посебна гранка.

Љубе Пампулески од Здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен вели дека излезот е во барање на нови пазари, посебно пазарите во Европската Унија, за да не се доведеме во ситуација јаболката да останат непродадени. Според него, во пласманот на јаболка ние сме некаде помеѓу Истокот и Западот, односно досега пласманот одел по сличен модел како што прави Турција, но сега треба да се стремиме кон пазарите во ЕУ, а како пример можеме да ја земеме Словенија. Пампулески вели дека сите чинители во општеството треба да придонесат и да имаме стратегија за годините кои доаѓаат. Додава дека наместо стихијно, треба да се работи плански, и да се види кои сорти на јаболка какви резултати даваат во нашето поднебје, со цел оние кои сакаат да се занимаваат со овоштарство, да имаат насоки.

„Имаме и ние земјоделски институт, и треба да се искористат сите капацитети на МЗШВ, со цел да се направи стратегија за наредните 20 до 50 години. Ако имаме десетици сорти јаболка, зошто да не брендираме некои од нив, да ги заштитиме. Сега доаѓаме до пресвртна точка, затоа што или ќе одиме на европскиот пазар, или ќе го загубиме домашното производство. За да го добиеме европскиот пазар, треба да понудиме квалитет и бренд. Изминативе години се соочивме со мраз, штети, климатски осцилации, но во година со идеални услови, при добра реколта се произведуваат по 200.000 тони јаболка. Од нив 10.000 до 20.000, па дури и до 25.000 тони во поново време се трошат на домашниот пазар, затоа што доаѓаат нови генерации, се става акцент на здравата храна“, вели Пампулески.

Тој објаснува дека откако Полска, земја гигант во производството на јаболка влезе во ЕУ и НАТО, македонските јаболка беа пласирани на рускиот пазар и тоа беше позитивен момент. Ја споменува 2015 како исклучително добра година,  во која можеле да опстанат дури и без субвенции, а цените кои јаболката тогаш ги имале, денес ги нема. Со текот на времето, Русите барале поголем квалитет и посебни стандарди за пакување на јаболката, но сега преку ноќ поради војната го губиме тој пазар. Пампулески објаснува дека војните се погуби за нивното работење, а како пример набројува дека македонските јаболка претходно се продаваа и во Сирија, Турција, Египет, Ирак, Саудиска Арабија, но војната во Сирија придонесе за губење на тој пазар. Вели дека во магацините сега има залихи со јаболка, кои може да калираат и да изгубат од квалитетот со покачувањето на температурите. Добро е тоа што ќе продолжи интервентната мерка за субвенционирање од 3 денари по килограм за продадено индустриско јаболко. Јаболката од залихите ќе завршат во македонските капацитети, но и во регионот. Пампулески вели дека и во времето на Југославија, Македонија заедно со Србија и Хрватска важела за сериозен производител на јаболка.

Од МЗШВ деновиве само најавија дека бараат нови пазари за пласман на македонското овошје. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи