Волфганг Шојбле: „Brexit“ е економски отров!
Објавено во: Економија 06 Март, 2016 21:09
Гласање за поддршка на излегување на Британија од Европската унија (т. н. „Brexit“) ќе им наштети на британската, европската и глобалната економија, вели во интервју за БиБиСи германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, цитиран од агенциите.
„Сме имале години на повеќе тешки преговори кои биле многу тешки за целата ЕУ. И со години би имале таква неизвесност, која би била отров за економијата во Велика Британија, европскиот континент и за глобалната економија како целина“, тврди Шојбле во денесшното интервју.
Според него иако Британија ќе може и по напуштањето на Унијата да продолжи да тргува со ЕУ, нема да може да ја има предноста на пристапот до едниот пазар, без да прифати слободно движење на граѓаните на ЕУ или пак без да увезува пари во буџетот на Заедницата .
Тој ја отфрли идејата дека Велика Британија би можела да го следи примерот на земји како Норвешка, која ја прифаќа слободата на движење, плаќа придонеси во буџетите на ЕУ и ги применува правилата и регулацијата на единствениот пазар, без да има право на глас за нив.
„Навистина не разбирам зошто Британија би била заинтересирана да остане на единствениот пазар, без да може да донесува одлуки за него“, вели германскиот министер. Според него тоа е бесмислено.
Шојбле смета дека заминувањето на Британија би било „катастрофа“, но иако ќе е послабa без неа, ЕУ нема да се самоубие.
На прашањето за евентуалното идно прифаќање на Турција во Унијата тој изјави дека германската влада има големи сомневања дали земјата треба да стане полноправна членка.
„Ќе помине доста време пред да стигнете до крајот на преговорите со Турција“, вели Шојбле, според кого ова е прашање за годините што доаѓаат, а не е грижа на сегашноста.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




