18 Мај, 2024
0.0280

Вонредна седница на Локалниот економски совет во Охрид за спас на туристичката сезона

Објавено во: Економија 24 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

На Охрид му е потребна маркетинг стратегија за да се подобри нарушениот углед на македонскиот туристички центар, заклучија учесниците на вонредната седница на Локалниот економски совет, посветена на состојбите во туризмот, што ја свика охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. Угостителите и хотелиерите се пожалија на необјективно и тенденциозно известување во некои медиуми за лоша сезона или превисоки цени на услугите. Сепак, се согласуваат дека многу работи треба да се менуваат. Пред се на Охрид му е потребна подобра инфраструктура, вели Бакрачески. Негово уверување е дека со изградбата на автопатот кон Кичево и преку воспостаување регуларни летови до Охридскиот аеродром преку целата година, ќе се придонесе за екстензија на сезоната, нејзино продолжување надвор од вообичаениот шпиц лимитиран само на летниот период. Сепак, градоначалникот нагласува дека експертите од областа на туризмот се согласни оти цените на услугите во Охрид се прифатливи за секој џеб, зависно профилот на гостите, како и на веќе забележителниот растечки број странски гости во градот и тренд на пад на бројот домашни гости кои летуваат тука. Според првиот човек на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, потребно е да се види што може да се направи и со постоечката инфраструктура. „Она што се случува тука е последица веројатно и на долгата криза, финансиската исцрпеност на балканските земји. Најсериозното прашање е со што Охрид може да конкурира на седумте мориња околу нас кои преку изградена инфраструктура стануваат се подостапни до туристите“, вели Азески. Како итни мерки кои можат да се преземат веднаш, познавачите споменуваат воведување т.н. „happy hour“ кај угостителските објекти, додека кај хотелите да се работи на зголемување на просечниот број денови на престој, со понуда за пониски цени или гратис ноќевања за продолжен престој. Туристичките агенции, пак, да работат на привлекување туристи од државите кон кои веќе оперираат субвенционирани евтини авиокомпании.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа