Вонредна состојба на Сејшелите поради голема експлозија (ВИДЕО)
Објавено во: Свет 07 Декември, 2023 19:16
Вонредна состојба е прогласена на Сејшелите поради голема експлозија во индустриска зона на најголемиот остров Махе, јави Би-би-си.
Оштетен е меѓународниот аеродром, иако е оддалечен четири километри од местото на експлозијата, училиштата се затворени, а болниците примаат само итни случаи, патиштата се напукнати, а има одрони.
Претседателот на Сејшелите Вавел Рамкалаван им нареди на сите вработени да останат дома, освен оние кои се неопходни за најважните работни места.
Експлозијата, која уништи комерцијални објекти и домови долж источниот брег на островот Махе, се случи синоќа во каменолом каде што се чувале експлозиви во четири контејнери.
Не се соопштува колку лица се повредени, но проценките се дека има многу, а жителите се евакуирани од своите домови.
Вонредна состојба е прогласена на Сејшелите по голема експлозија во индустриска зона на главниот остров Махе.
По експлозијата, градот бил поплавен, а претседателот на Сејшелите, Вавел Рамкалаван, им наредил на сите граѓани да останат дома.
Се појави и видео од моментот на експлозијата, снимено од очевидец.
Досега е познато дека две лица загинаа.
Сејшелите, главна туристичка дестинација, се состои од 115 острови и се најмалку населената земја во Африка со околу 100.000 луѓе.
Фото: Принтскрин/ЈутубМожеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




