ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА СИ ГО НАПРАВИ СВOETO: Огромен пад на бројот на патници во возовите
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Мај, 2020
Откако во Македонија на 18 март беше прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, и таа сѐ уште трае, бројот на патници во железничкиот сообраќај е драстично намален.
Оваа информација ја потврдуваат од Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД Скопје.
„Бројот на патници е драстично намален од кога стапи на сила вонредната состојба на 18 март. За илустрација, бројот на патници кои ги користеа нашите услуги во март и април 2019 беше околу 1.800 патници дневно, додека во истиот период од оваа година, бројот на патници изнесува околу 200. Што се однесува на релациите на кои имаме најмала фреквенција на патници, тоа се Куманово, Кочани и Кичево. Треба да се има во предвид дека некои возови воопшто не сообраќаа или не сообраќаат, во зависно од тоа како се одредуваше забраната за движење“, вели Беким Лачи, задолжен за односи со јавност во Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД Скопје.
Пред да се појави заразата со коронавирусот во земјава најмногу патници имаше во возовите кои сообраќаа на релација Скопје – Велес и Скопје – Битола.
Владата на денешната 55-та седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово. По скоро два месеци во градот ќе се врати превозот.
Но, не е на удар само железничкиот сообраќај.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 16 492 илјади во првото тримесечје од 2020 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17 отсто. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 16.9 отсто, во приградскиот превоз за 16.3 отсто, во меѓуградскиот превоз за 19.6 отсто, а во меѓународниот превоз за 33.2 отсто.
Во првото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 25.7 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 4.1 отсто, во приградскиот превоз за 40.8 отсто, во меѓуградскиот превоз за 20.1 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 30.5 отсто.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.