26 Ноември, 2024
0.0252

ВОНРЕДНИ ПАРИ ЗА ЛОЗАРИТЕ И ВИНАРНИЦИТЕ - еве по колку ќе земат погодените од ковид кризата во винската индустрија

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

На лозарите, винарниците и на откупувачите на винско грозје државата годинава ќе им дава вонредна парична помош, покрај редовните земјоделски субвенции, а која заедно со субвенциите ќе може да достигне дури и до 300 илјади евра по корисник. Целта е во овие дејности да се намалат последиците од ковид кризата. Во спротивно, ако помошта заедно со субвенциите надмине 300 илјади евра, лозарите и винарниците парите ќе ги враќаат назад во буџетот на државата.

Тоа е одредено со Предлог законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од ковид 19 врз производството и откупот на грозје и винската индустрија. Законот за оваа помош го предлагаат кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство Аријант Хоџа.

Како и многу други, и овој закон ќе се носи по скратена постапка. Не бил обемен и сложен, а и се брза финансиската поддршка да стигне до погодените сектори.

За да им помогне на лозарите и на винарниците Владата, како што стои во предложеното законско решение, планира од буџетот да потроши 360 милиони денари, или близу 6 милиони евра. Овие пари всушност ќе се даваат од владината програма П1, која е резервирана за мерки за справување со ковид кризата.

Како корисници на финансиска подршка согласно овој закон се јавуваат следниве категории - носител или член на земјоделско стопанство регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, потоа, производителите на вино кои се регистрирани во Регистарот на производители на вино, откупувачи на винско грозје запишани во Регистерот на откупувачи на земјоделски производи, трговски друштва кои извршиле извоз на винско грозје купено од откупувач, како и трговски друштва кои извршиле извоз на вино купено од производители на вино.

Финансиската поддршка, пак, ќе се дели на следниов начин. Поддршка по килограм на произедено винско грозје до 18 отсто шекерни единици, кое во периодот од 15 август до 31 октомври годинава е предадено на регистрирани производители на вино наменето за производи од грозје и вински дестилат - во висина од шестденари по килограм.

Потоа, поддршка по килограм за произведено винско грозје кое во периодот од 15 август до 31 октомври годинава е предаденo кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје - во висина од два денари по килограм.

За истиот овој период, исто така, ќе има поддршка од 30 отсто за транспортни трошоци за извезено вино во шишиња, поддршка од 20 отсто за транспортни трошоци за извезено наливно вино, како и поддршка за извезено винско грозје и тоа за количини до 12 милиони килограми поддршката во висина од 2 денари по килограм, за количини од 12 до 25 милиони килограми поддршката во висина од 3 денари по килограм и заколичини над 25 милиони килограми поддршката во висина од 4 денари по килограм.

Призводителите на вино во рок од 10 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, се должни да ги обезбедат податоците за потребите на Државниот инспекторат за земјоделство. Агенцијата, по приемот на податоците, врши проверка дали производителите на грозје се корисници на финансиска поддршка. Потоа донесува решение за исплата по поединечен корисник во кој е содржан износот на финансиската поддршка. Генералниот секретаријат на Владата, пак, врши исплата на средствата на трансакционата сметка на корисникот, најдоцна во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решенијата.

Максималната поддршка што може еден корисник да ја оствари согласно овој закон изнесува 18.450.000 денари, односно точно 300 илјади евра, но овој износ ја вклучува и финансиската подршка што корисникот ќе ја добие согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за годинава, односно тоа се државните земјоделски субвенции.

„Корисникот кој со финансиската поддршка што ќе му биде одобрена согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година ќе го надмине износот на поддршката, должен е износот над 300 илјади евра да го врати на сметката од каде што е извршена исплатата“, се вели меѓу другото во законот.

Доколку со инспекциски надзор од Државниот инспекторат за земјоделство се утврди дека производителот на виноовозможил со парична поддршка да се стекне производител на грозје, со давање на невистинити податоци, тој е должен да го врати износот во целост на сметката на Буџетот, со законска казнена камата, во рок од 30 денаод извршената контрола. Истото ќе важи и доколку со инспекциски надзор се утврди дека производителот на вино, трговско друштво, откупувач на винско грозје, остварил финансиска подршка, поради невистинити и неверодостојни податоци.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу