20 Декември, 2025
0.0603

Вонредни владини мерки против загадувањето на воздухот?

Објавено во: Економија, Мои пари 16 Декември, 2013 21:54

Добивај вести на Viber

Владата ќе презема вонредни мерки против загадувањето на воздухот во Скопје. Плановите не се откриват, но ова ќе биде една од точките на утрешната седница. Ваквите најави доаѓаат по силниот притисок на јавноста, но и временската прогноза која не помага во борбата со загадувањето. Оваа најава е поинаква од изјавата дадена утрово на министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми. Тоја за пасивноста на Министерството, се правдаше дека мерки се преземаат ако квалитетот на воздухот не се подобри во текот на 10 последователни дена. Според Адеми, за загадувањето на воздухот се виновни сообраќајот, домаќинствата и градежништвото. Според него, загадувањето не доаѓа од големите индустриски капацитети. „ Поголемите загадувачи во кои се сомневавме дека го влошуваат квалитетот на амбиентниот воздух, како Макстил, Скопски легури и други капацитети во кругот на Железара, не работат од 28 ноември. Другите големи капацитети во овој регион ги исполнуваат еколошките стандарди“, вели Адеми кој потсети дека повече капацитети, како на пример Клиничкиот центар, кои досега користеа мазут сега се греат на гас. Загадувањето доаѓа и од помалите капацитети, кои се во надлежност на општините, односно Градот Скопје, додаде Адеми и апелираше градоначалниците поактивно да се вклучат за надминување на состојбите. Министерот смета дека е потребно подигање на свеста кај сите, а порача граѓаните да користат поквалитетно гориво за греење и да не ги користат возилата. Со слични препораки се јави и град Скопје, од  каде на граганите им препорачаа да седат дома и да не проветруваат бидејќи воздухот надвор е штетен по нивното здравје. Во меѓувреме низ Скопје „никнуваат“ кутии со маски на кои пишува „Дишењето во Скопје е штетно за вашето здравје“.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба