19 Декември, 2025
0.0486

ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЦЕВИОТ МУСКУЛ И ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР: Израел најде поврзаност, најпогодени момчињата од 16 до 19 години

Објавено во: Свет 03 Јуни, 2021 11:31

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство на Израел соопшти дека открило мал број случаи на воспаленија на срцевиот мускул или миокардитис кај лица што примиле вакцина на „Фајзер“  против Ковид-19. Од министерството објавиле дека малиот број случаи, од кои најмногу биле кај млади мажи, веројатно бил поврзан со нивното вакцинирање, пренесува „Ројтерс“.

Во Израел биле забележани 275 случаи на миокардитис во над 5 милиони вакцинирани лица во периодот од декември 2020 до мај 2021 г. Поголемиот дел од пациентите што имале воспаление на срцевиот мускул поминале најмногу четири дена во болница, а 95% од случаите биле со слаби симптоми, покажало истражување спроведено за министерството за здравство на Израел.

Според заклучоците, веројатно има врска помеѓу примањето на втората доза на вакцината на „Фајзер“ и појавувањето на миокардитис кај млади луѓе на возраст од 16 до 30 години. Состојбата била почеста кај тинејџери од 16 до 19 години отколку кај другите групи.
Несаканите ефекти темелно се проучуваат, а стручниот тим на Фајзер редовно се состанува со членовите на Одделот за безбедност на вакцините во израелското Министерство за здравство за да ги разгледаат и проучат податоците, се вели во соопштението. По вакцинацијата на возрасните, израелските научни власти не издадоа одобрение за вакцинирање млади луѓе на возраст од 12 до 15 години, додека се чекаше извештајот од Министерството за здравство.

Но, комитетот сега даде зелено светло за вакцинирање деца на возраст од 12 до 15 години од следната недела, рече Нахман Еш, израелски координатор за прашања за пандемијата за Радио 103 ФМ, истакнувајќи дека „ефикасноста на вакцината ги надминува ризиците“


Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела