20 Декември, 2025
0.1171

ВОУТЕР ПЛОМП ЗА ФАКТОР 24: Разочаран сум од монологот во Собранието, изберете претседател и зафатете се со работа!

Објавено во: Македонија 29 Март, 2017 13:32

Добивај вести на Viber

Изборите на 11 декември беа под мониторинг на многу меѓународни набљудувачи, и се оценети како можеби најдобрите и најслободните избори кои Македонија ги имала досега. Македонските граѓани јасно го изразија својот став преку дадените мандати. 120-те пратеници се избрани, па би рекол нека почне Парламентот со работа и нека започне со вистинските дискусии откако ќе се формираат институциите на Парламентот. 

Парламентот нека го избере претседателот  и нека почне со работа порачува,  Воутер Пломп, амбасадор на Холандија во Макеоднија.  

Присуствував на продолжувањето на конститутивната седница, и искрено, бев разочаран од монологот кој се одвиваше. Мислам дека на земјата и на Собранието им е потребен дијалог меѓу партиите“, вели холандискиот дипломат во интервју со магаазинот Фактор 24. 

На прашање  како  ги оценува  обидите да се опструира работата на СЈО, холандскиот амбасадор со став: 

„Специјалното обвинителство е клучен дел на Договорот од Пржино. Да не заборавиме дека целата оваа политичка криза започна пред повеќе од 2 години со тнр. „прислушкувања“ кои открија сериозни наводи закорупција и криминал.Специјалното обвинителство е основано токму за темелно да ги истражи тие наводи и да ги изведе пред правдата. Ова што го гледаме во последните месеци или година, е токму она што беше опишано од извештајот на Стејт департментот, во кој се вели дека е јасно дека постои координи рана кампања за намалување на кредибилноста и професионализмот на СЈО. Тоа е сериозно. Зашто ако СЈО не може да го спроведе она за што е основано, темелно да ги истражи наводите, тогаш се чини дека целиот процес од Пржино е залуден. Така што, освен ако СЈО не го спроведе она за што е формирано, нема да има крај на оваа криза. Важно  е тимот на СЈО да продолжи со работа се додека е неопходно“,  вели во интревју Воутер Пломп за магазинот Фактор 24.

Целото интервју ќе можете да го гледате вечерва во 23.00 часот на ТВ 24.  


Фактор24 е економско политички магазин во изработка на веб порталот Фактор.мк.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки