20 Декември, 2025
0.0957

ВОУТЕР ПЛОМП ЗА ФАКТОР24: Ако СЈО не може да го спроведе она за што е основано, тогаш договорот од Пржино е залуден

Објавено во: Македонија 30 Март, 2017 08:57

Добивај вести на Viber

Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија  Н.Е. Воутер Пломп во синоќешната емисија на Фактор 24 на телевизија 24 рече дека Специјалното обвинителство е клучен дел на Договорот од Пржино  имајќи предвид дека целата политичка криза започна пред повеќе од 2 години со тнр. „прислушкувања“ кои открија сериозни наводи за корупција и криминал.

„Специјалното обвинителство е основано токму за темелно да ги истражи тие наводи и да ги изведе пред правдата. Ова што го гледаме во последните месеци или година, е токму она што беше опишано од извештајот на Стејт департментот, во кој се вели дека е јасно дека постои координирана кампања за намалување на кредибилноста и професионализмот на СЈО. Тоа е сериозно. Зашто ако СЈО не може да го спроведе она за што е основано, темелно да ги истражи наводите, тогаш се чини дека целиот процес од Пржино е залуден. Така што, освен ако СЈО не го спроведе она за што е формирано, нема да има крај на оваа криза. Мислам дека е важно тимот на СЈО да продолжи со работа сe додека е неопходно. Секако, собранието е тоа што треба да одлучи за мандатот, но пред сe, на институцијата треба да и се овозможи да ја продолжи својата работа, да не биде попречувана од други институции“ порача холандскиот амбасадор  Воутер Пломп.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ДА ЈА ПРЕИСПИТА ОДЛУКАТА И ДА ГО ДОВЕРИ МАНДАТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА

На прашањето на Фактор 24, како го коментира игнорирањето на претседателот Иванов на апелите на меѓународната заедница да го даде мандатот за формирањето на влада на партијата која обезбедила парламентарно мнозниство, холандскиот дипломат со одговор:

„Мислам дека се уште има време Иванов да се премисли, се уште има време за дијалог, мислам дека е време партиите да зборуваат меѓу себе и да се слушаат меѓу себе. Тоа исто така се однесува и на меѓународната заедница во Македонија. Се надевам  дека претседателот Иванов следниот пат ќе го прими Комесарот или некого друг од меѓународната заедница и дека тоа ќе биде дијалог и дека на крајот некои позиции ќе бидат преиспитани“ вели Воутер Пломп.

Целата емисија од синоќа може да ја изгледате во видеото подолу:


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки