ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

Објавено во: Свет 06 Декември, 2024 19:28
Токио, главниот град на Јапонија воведува четиридневна работна недела во обид да го зголеми наталитетот.
Градската управа на Токио наведува дека новата мерка, која почнува од април следната година, може да им овозможи на вработените три слободни дена неделно. Најавена е и друга мерка која на родителите на деца од прво до трето одделение во основно училиште ќе им овозможи да заменат дел од својата плата за можност за порано завршување на работното време.
„Ќе ги проучиме работните стилови, ќе обезбедиме никој да не мора да се откаже од кариерата поради животните околности како пораѓањето или одгледувањето деца“, изјави гувернерката на Токио Јурико Коике при претставувањето на планот.
Стапката на наталитет во Јапонија, која со години е во стрмен пад, достигна нов рекорден минимум во јуни, и покрај напорите на владата да ги поттикне младите на брак и формирање семејство.
Минатата година се забележани само 727.277 родени, а стапката на наталитетот – бројот на деца кои една жена ги има во животот – паднала на нов минимум од 1,2, според јапонското министерство за здравство, труд и социјална грижа. За стабилност на популацијата потребна е стапка на фертилитет од 2,1.
Многу социолози го поврзуваат падот на наталитетот со безмилосната работна култура на Јапонија и растечките трошоци за живот.
foto Wikipedia/KENPEI
Можеби ќе ве интересира
САМО ЕДЕН ДЕН ПО РАЗОРНИОТ ЗЕМЈОТРЕС, ВОЈСКАТА ГО УБИВА СОПСТВЕНОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО МЈАНМАР: Бројот на загинати надмина 1.600, а прогнозите се уште поцрни

ЕДЕН ОД РЕТКИТЕ ШТО ВЛЕГОЛ ВО „ЅВЕРОТ“ НА ПУТИН: Целосно блиндирана и отпорна на воздушни и хемиски напади, лимузината беше проголтана од пламен

БОЛНИЦАТА СЕ ТРЕСЕ, А АКУШЕРКИТЕ ГИ СПАСУВААТ БЕБИЊАТА: Снимка од моментите на земјотресот во Мјанмар

НАЈДОБРИОТ СЕ СРЕТНА СО НАЈДОБРИОТ! Џоковиќ ја доби десетката на Меси, а тој зелената Ла Кост

ЦЕЛИ ЗГРАДИ ИСЧЕЗНАА ЗА НЕКОЛКУ СЕКУНДИ – МЈАНМАР БРОИ ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ЗАГИНАТИ: Уште се трага по преживеани

ЈАПОНИЈА ПРВ ПАТ СО ПЛАН ЗА ЕВАКУАЦИЈА ОД ОСТРОВИТЕ ВО БЛИЗИНА НА ТАЈВАН: Тензиите меѓу Пекинг и Тајпеј се зголемуваат

(ВИДЕО) ИСТРАЖУВАЧ ОД СИНГАПУР: Колегите од Мјанмар беа предупредени за земјотресот

КАБИНЕТОТ НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ПУТИН: Нека земе неколку апчиња за мозок

(ВИДЕО) РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО МЈАНМАР: Се урна болница, но и многу други објекти
