Возачи ако патувате често кон Бугарија ова се новитети кај вињетите
Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2018
Валидноста на старите вињети во соседна Бугарија истекува денес. Трговската мрежа е обновена со над 3 милиони нови налепници, пишуваат бугарските медиуми.
Цените на вињетите се непроменети. Годишната цена на автомобилската е 97 левови, месечната 30 , а неделната изнесува 15 левови.
Оваа година новина е тримесечна вињета со цена од 54 лева.
Валидноста е исто така изменета - налепниците ќе важат 12 месеци од датумот на издавање, а не до 31 јануари.
Агенцијата за патна инфраструктура од соседна Бугарија потсетува дека паричната казна за возење со истечена налепница е 300 левови.