Вработените во МЖ Транспорт ако в среда не добијат дел од платата ќе следи штрајк
Објавено во: Економија 29 Август, 2016 14:18
На вработените во МЖ Транспорт во среда до 15.30 часот да им биде исплатен вториот дел од платата за јули.
Ова го договориле на денешната средба претставници на четири синдикати од Македонски железници Транспорт, Министерството за транспорт и менаџерскиот тим на МЖ Транспорт.
Договорено е наредните плати да не го надминуваат месецот за исплата.
Ако не се исплати платата согласно договореното в четврток напладне започнува генерален штрајк, соопштија НСПМЖ и синдикалните организации МЖ Транспорт, на вработените на подружница Влеча на возови и на Независниот синдикат на машиновозачите и железничарите. Синдикатите информираат дека ако дојде до штрајк, меѓународните возови ќе сообраќаат, а во локалниот патнички сообраќај ќе има само по еден пар возови.
Тие претходно најавија активирање на штрајкот затоа што раководството не го исполнило договореното за исплата на вториот дел од платата до 25 август. Тие бараат и да се исплатат јубилејните награди за вработените кои исполнуваат услов согласно со одредбите од Колективниот договор, како и да се разгледаат и преиспитаат изречените санкции кон дел од вработените.
Од раководството на МЖ Транспорт укажуваат дека во изминатите четири месеци заради блокадите од грчка страна, Солунското пристаниште и штрајкот на работниците на Грчките железници, Македонски железници претрпеле директна штета од пет милиони евра што придонело за тешкотии во тековното работење и исплатата.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




