Вработените во МЗТ Леарница – Скопје протестираа поради несплатени плати
Објавено во: Економија 17 Август, 2016 10:26
Скоро една недела вработените во МЗТ Леарница – Скопје протестираат поради неисплатени плати од лани, соопштија од Синдикатот на индустрија енергетика и рударство (СИЕР).
Нив придонесите не им се платени за девет месеци, почнувајќи од септември лани. Штрајкот започна откако работодавачот објави дека ги запира сите производни активности, а на вработените им издаде решенија за годишен одмор без да им ги исплати платите. Работниците сметаат дека овој годишен одмор значи и отпуштање од работа, затоа што со години Леарница има проблеми во работењето и плаќањето на обврските не само кон вработените, туку и кон фирмите со кои соработува.
„Во ваква состојба, работниците кои имаат загрозена основна животна егзистенција не се во можност да користат ниту здравствено осигурување“- велат од СИЕР.
Тие вчера протестира и пред Управата за јавни приходи (УЈП) од која побараа да изврши проверка и да покрене постапка против работодавачот поради неисплатени плати и придонеси. Некои од нив велат дека во фирмата се давале пари во готово, без да се плаќаат придонеси и давачки.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




