20 Декември, 2025
0.0555

ВРАЌАЊЕ ВО СТУДЕНА ВОЈНА: Како Украина го заврти тркалото на светската историја наназад

Објавено во: Свет 31 Декември, 2014 11:33

Добивај вести на Viber

Студената војна за која се веруваше дека заврши повторно го врати во светот во минатото кога се стравувало од голем вооружен судир на истокот и западот, а повод за враќање на тркалото на историјата према назад е украинската криза која неочекувано започна како граѓанска револуција по што прерасна во вистинска војна. Изминатата година ни донесе судири на Блискиот исток, каде покрај продолжувањето на војната во Сирија, дојде до експанзија на новата исламистичка радикална организација Исламска држава, чии упоришта се распространети на огромна територија која опфаќа делови и од Ирак и од Сирија. За цело ова време во западна Африка коси се пред себе епидемијата од ебола која изминатава година одзеде илјадници животи. Иако 2014 година требаше да ги освежи сеќавањата на 100 годишнината од почетокот на Првата светска војна со цел да не му се повтори ваква трагедија на човештвото, она што се случи во Украина во изминативе 12 месеци ги доведе најголемите светски сили до фаза на усвитување, исто како пред еден век. majdan Февруарските мирни прозападни демонстрации на киевскиот Мајдан, кои набрзо се претворија во насилства и крвопролевање, доведоа до државен удар  во кој тогашниот претседател, Виктор Јанукович, беше принуден да ја напушти земјата и власта да ја предаде на дотогаш малкупознати политичари кои поради револуцијата избија на површина. Насилните бранови наскоро се пренесоа од Киев на истокот во земјата каде дојде до првите протести на проруските државјани што во март резултираше со успешен референдум за отцепување на Крим од Украина, а нешто подоцна и до исполнување на барањата на жителите на Крим нивната територија да се припои кон Руската Федерација. Ова беше настан после кој светот повторно се најде во ситуација на Студена војна, бидејќи односите на Москва и Вашингтон, пред се, вратени се во времето пред падот на Берлинскиот ѕид. ukraina Драматичните случувања во Украина не завршија тука, бидејќи првиот вооружен судир изби во регионот на Луганск и Донецк, каде проруските бунтовници одбијаа да потклекнат пред киевските власти и еднострано прогласија истоимени народни републики. Западот, како и Киев, директно го обвинија рускиот претседател Владимир Путин, дека токму тој стои зад бунтот на истокот во Украина, како и зад отцепувањето на Крим од Украина, додека Москва остана цврсто на својот став дека за судбината на Крим одлучиле неговите граѓани на демократски начин, додека бунтовниците на истокот од земјата се граѓани на Украина со кои Киев мора да разговара. Украинските власти ја покренаа воената офанзива на истокот од земјата во намера да ја вратат власта, но тоа се уште не им успеа, а повеќе од 4.500 лица загинаа на двете страни. Odesa Во судирите на „антимајдановските“ демонстранти и фудбалските хулигани во Одеса дојде до трагедија кога во пожар на зградата на синдикатот повеќе од 40 демонстранти изгореа, но во меморијата на светската јавност највпечатлива трага остави мистериозното рушење на малезискиот авион и смртта на сите 283 патници и 15 членови на екипажот над источна Украина. avion Истрагата се уште нема точно утврдено кој е одговорен за рушење на леталото, а украинските и проруските сили негирале секаква вмешаност и вина изнесувајќи меѓусебни обвинувања. Украинската криза покрај што од темел ги поремети односите меѓу истокот и западот, доведе и до вистинска економска војна, која резултираше со пад на цената на нафтата под 60 долари за барел со тенденција за понатамошно опаѓање. Ниската цена на нафтата и западната економска блокада силно за потресоа руската економија, а руската рубња драматично падна на најниска вредност од 1998 година кога Русија беше потресена од тешка економска криза. Наместо кон Запад, Русија се преориентира кон истокот и источните земји, го стопира европскиот проект за изградба на Јужен тек и се сврти кон извоз на енергенс во Кина, додека со Турција постигна договор за изградба на гасовод. J.tek Годината која останува зад нас ја одбележаа и злосторствата на исламската милитантна организација, Исламска држава, чии припадници во Советот за безбедност на ОН се прогласени за терористи и против нив е покрената меѓународна коалиција. Припадниците на Исламската држава на територијата на Ирак и Сирија ликвидираа илјадници муслимански неистомисленици, како и стотици свои припадници од странство кои сакаа да ги напуштат редовите на нивната армија. foli Посебно брутално беше отсекувањето на главата на десетина заложници од западните држави кои во земјата беа работно како новинари, хуманитарни работници, војници или некои други ангажмани. Епидемијата од ебола пак усмрти повеќе од 7.500 лица во земјите на Западна Африка, а иако се стравува од нејзино понатамошно ширење врз остатокот од светот, засега таа е концентрирана во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Светската здравствена организација ппрогласи крај на епидемијата во Сенегал, Нигерија и Конго. ebola Последниот месец од изминатава година повторно донесе потсетување на Студената војна, а станува збор за неочекувана најава за нормализирање на односите меѓу САД и Куба, по повеќе од половина век по прекинот на дипломатските односи. Претседателите на САД и Куба. Барак Обама и Раул Кастро, обелоденија дека после повеќемесечни тајни преговори подготвени се да преземат чекори кон обновување на дипломатските односи.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја